ЖивотЗанимливости

Немам кредит директоре: Капката што ја прелила чашата на Стојко Пауновски

Фрапантни информации за случајот со “рамковни” вработувања кои што требаше да се вработат во Државниот пазарен инспекторат додека го водеше сменетиот екс директор и функционер на СДСМ Стојко Пауновски.

Според извори во инспекторатот Пауновски начелно имал намера да ги разгледа сите можности за прием на работа на луѓето што со години седеле дома а примале плата доколку ги исполнувале законските предуслови.

Но неколку шокантни ситуации го натерале да одбие “топ-тан” прием на инспекторите без никакво работно искуство во државниот инспекторат.

Меѓу вработените во инспекторатот како кулминација на неподготвеноста на “рамковните” инспектори бил разговор со еден од нив во кој тој воопшто не можел да разбере на што се однесува прашањето од раководителот на инспекторатот.

На прашањето за еден од потенцијалните инспектори за бројот на кредити освоени при завршеното високо образование еден од сега вработените инспектори одговорил дека нема ниту еден кредит во банка, пренесува извор од инспекторатот кој иако има различни идеолошки определби од Пауновски тврди дека со екс директорот институцијата функционирала професионално и ефикасно.

Тазе инспекторит воопшто не сфатил дека прашањето се однесува на број на кредити според таканаречениот ЕКТС систем за високото образование.

Според ЕКТС дипломираните студенти добиваат број на кредитите од кои зависат нивните квалификации но интервјуираниот воопшто не знаел дека го прашуваат за студиите и рекол дека нема кредити во банка.

Ова на Пауновски и на другите раководители во Инспекторатот им помогнало да заклучат дека луѓето кои треба да станат инспектори воопшто не го познаваат образовниот систем низ кој минале ниту можат со успех да ги извршуваат работните задачи во важната државна институција.

Откако владата го смени Пауновски поради пркос, сите овие луѓе, вклучително и тој што “немал кредити” во банка станаа инспектори.

Владата се уште не назначила нов директор на местото на Пауновски.

Извор: www.expres.mk



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 22:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.