Македонија

НЕМА ДА ИМА ОТВАРАЊЕ НА ШКОЛИ И ГРАДИНКИ?

Доколку се следат одлуките на владите на Германија, Шпанија, Франција и други развиени земји и во Северна Македонија нема да има школска настава и работа на градинките. Според епидемиолозите и министерствата за здравство на западните земји, отворање на школи и градинки во овој момент, би предизвикал колапс на здравствените системи. Ковид 19 прогресира, исто така пред врата е и сезонскиот грип кој има слични симптоми со Ковид 19, што додатно би предизвикал ширење на пандемијата со Ковид 19.

Министерот за здравство на РСМ Венко Филипче, презема сериозни чекори за правење на мобилни ковид болници ширум државата, како и со создавање на планови за работа на здравствените работници. И, Филипче има став, дека рано е да се размислува за отварање на школи и градинки, зошто сериозноста на панедемијата со ковид 19 ширум светот покажува, дека вирусот не слабее во интензитет, додека за било какво создавање на вакцина против Ковид 19, може да очекуваме дури во 2021 година. Отварањето на школите и градинките, каде децата седат во затворен простор, секако дека претставува основ за сериозно ширење на пандемијата со ковид 19, но никој ни на крај памет посакува ковид да се шири кај најмладите. Од тие причини, отварање на школи и градинки во овој момент би било невозможна мисија, пред се и над се за доброто на нашите деца и јавното здравје.

С.Д. Ohrid sky

Македонија

Заболени
27,199
+245
Мртви
934
+15
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 26/10/2020 - 19:11 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.