МакедонијаТОП

Неделно кафе на Никола Тодоров и Муса Џафери во скопскиот парк

Во ресторанот Балканика во скопскиот парк попладнево заедничко кафе пијат министерот за здравство во техничката влада и пратеник, Никола Тодоров и екс вицепремиерот и висок функционер во ДУИ, Муса Џафери.

pjimage

Кафето го пијат сами а на соседната маса е сопругата на Тодоров. Обезбедувањето на Џафери не дозволил на очевидецот кој ни јави за средбата да ги фотографира.

Тодоров за да покаже блискост со Џафери го гушкал пред гостите во ресторанот.

Инаку, Муса Џафери важи за предводник во таканареченото вмровско крило во ДУИ кое силно лобираше кај сопартијците, партијата на Ахмети да ја продолжи коалицијата и во нова влада со Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Џафери и приврзаниците сепак беа надгласани и ДУИ му ги даде 10-те потписи на нејзините пратеници за коалиција со СДСМ за влада на која премиер би бил Зоран Заев.

Во 8-те години заедничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во медиумите се објавуваше дека тогашниот вицепремиер Муса Џафери има исклучително блиски врски со екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, а тоа можеше да се слушне и од објавените „бомби“.

Либертас



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.