Колумни

Не знам кој Ве советувал да воведувате санкции кон Белорусија?

Gavrilo A. Miloshevski
Не знам кој Ве советувал да воведувате санкции кон Белорусија?

За што станува збор?
– Тоа е една од осумте земји кои одлучуваат да застанат на наша страна и да го пробијат мразот кон нашето меѓународно етаблирање како држава.
Имињата на тие осум земји и тоа: – Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Филипини, Русија и Белорусија, треба да бидат со златни букви запишани во нашата историја.

Зошто е тоа така?
– Во нашата државотворност постои одреден историски вакум, односно од прокламирањето на суверенитетот и независноста на 8-ми септември 1991 година, па преку Одлуката на Бадинтеровата комисија од 15-ти јануари 1992 година, до влезот во ООН под референтното име на 8-ми април 1993 година, постои временска дискрепанца од скоро две години поради жестокиот меѓународен притисок од Р. Грција.

Овие набројани земји одлучуваат во тој судбоносен период да ја признаат нашата независност и до одредена мера да дадат поттик и за други држави да го сторат тоа.
Со тој чин, се отвори патот за меѓународно етаблирање како држава која достојно може да чекори во светските институции, а нејзините граѓани заштитено и достоинствено да се чувствуваат.

Морам да напоменам дека во овој период постои само Уставното име на Македонија, и тие признавања се без никакви уцени и промени во сопствените акти на нашата Република.

* Вие можеби ќе си речете дека зад дел од тие признавања помогнал тогашниот Бугарски Претседател – Жељу Желев, но силен аргумент е дека Одлуките за признавање на Република Македонија ги донеле самите земји, односно Влади или Државници во чија надлежност е тоа.



Македонија

Заболени
66,330
Мртви
1,877
Излечени
42,241
Активни
22,212
Last updated: 05/12/2020 - 02:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.