Колумни

🎯 (НЕ)СУДЕНИТЕ ШЕФОВИ НА „САМУРАЈОТ“ И КРИК – КАРИЕРИСТИТЕ ?!

fb status

🚩Една години по објавување на оваа вистина.Мијалков доби казна, а неговите инсталации оперираат и чекаат “пензија”
🎯 (НЕ)СУДЕНИТЕ ШЕФОВИ НА „САМУРАЈОТ“ И КРИК – КАРИЕРИСТИТЕ ?!
🎲 Навидум „наивно“ раскажаната „Самурајска мисија“ на Нинџа и парполициското делување на „прикриените тимови“ низ судските рочишта за настаните од 27 Април 2017 година, открива една друга димензија на временскиот период пред промена на власта во 2017 година и открива повеќе СИСТЕМСКИ ДЕФОРМИТЕТИ на институциите, до ден денес неизлечени.
👉Ќе се потрудам тие што не можат да го видат тоа – да го видат, а другите со кои без збор/без лајк се разбираме да го потврдат тоа што и самите го знаат👈
🎲 „Наивното“ сведочење на Самурајот, за познавачите на работата на УБК во минатото и замешателството во сите политички монтирани процеси открива 👉еден позадински лик (не)суден шеф👈 кој многу добро соработувал со (не)судените шефови Неџби и Христо.
🔍Тој лик, ако се побара во замешателските шеми на УБК во политички монтираните случаи ШПИОН и ПУЧ е некаде позади, „на прв“ невидлив, а главен.
🔍Тој лик си додели „транзитни“ улоги во периодот кога КРИК требаше да заврши трагично за мандатарот Зоран Заев и кога требаше „да се остави впечаток за професионалците во УБК“.
📍„По заслуга“ и со перфидни измами, (не)судениот шеф на Нинџа, остана очи и уши на овие кои заминаа и останаа во „самураиски“ соништа на неодговорноста.
‼️👉Во ова продолжение за „наивната“ „Самурајска мисија на Нинџа и прикриените тимови“, ќе допрам до линијата на приказната за еден од неговите (не)судени шефови во тој „политички транзитен период“, за да продолжам со една негова интересна улога која никогаш не беше објаснета/истражена до крај, а (во еден период) сериозно стави под прашалник наши меѓудржавни односи👈‼️
——————————————————————
🎯 ДИГРЕСИЈА: Во медиумите вчера и денес излезе и се разви веста дека, лекарка не пријавила ковид позитивен свекор кога заминала да се породува на државна клиника. Се отворија прашања „Дали била лекарка?“, „Каде работела?“, „Како е можно да не почитувале етика?“, „Кога дипломирала?“, „МВР истражува како исчезнала изјавата од гинекологија?“и сл.
Многу релевантни прашања во време кога сите се повикуваме на етика, одговорност, морал и се трудиме да не се загрозуваат животите на граѓаните.
Се покрена интересот за случајот со лекарката, се кренаа институциите да проверат податоци за лекарката-пациентка, МВР постапува по исчезнувањето на изјавата од клиниката, се изолираат бебиња, родилки, медицински персонал.
———————————————————–
📍 Иако многу различни во суштина, овие прашања ми наметнаа една компарација со „породувањето“ на „Самурајот“ Нинџа по судниците изминативе три години, интересот на јавноста, реакциите од институциите по кажаното.
🚩‼️ПОТСЕТУВАЊЕ: Тој кажа дека, „Била агент на УБК со псевдоним Самурај, служел за „распознавање“ на одредени задачи во УБК; дека, им кажал дека има 3 степен средно во ’Коце Металец‘ и за трајно вработување му треба уште една година која ја зел во средно ’Нова гимназија‘ на ФОН; дека, имал легитимација на УБК, пиштол магнум 38 специјал агент, радиостаница со 16 канали за слушање на комуникацијата на тајната служба,; дека, слушал 3 канали со шифра 600; дека, имал значка на УБК со број 638; дека, бил очи и уши на неговите (не)судени шефови Никола Бошковски, Горан Грујевски. Грујевски; дека, опрема и пиштол му дале во објект Брест кој бил државна тајна; дека, имал џип со петти степен на блиндираност и автомобил со седми степен на блиндираност, и двата од УБК; и дека, надвор од сите законски постапки лажните „25-30 агенти во прекриените тимови“ следеле (замислете) полициски службеници, политичари, новинари и други, со многу монструозни намери. За познатите намери пишував во „Самурајската мисија на Нинџа и прикриените тимови“🚩‼️
👉Оваа дигресија, ја направив за да го покажам амбивалентноста на „јавниот интерес“, субјективноста во изборот што е јавен интерес, а што не е, кој дознава, дали се истражува и како се информира.
⁉️ Што кажа Самурајот, а остана надвор од фокусот и истражувачкиот и институционалниот интерес тогаш и сега?
👉Александар Василевски – Нинџа, според неговите искази и според други познати сознанија повеќе од пет години „служел на државата“⁉️
👉Ако „државата тоа сум јас“ бил еден или неколкумина тогаш се потврдува дека служел на поединци кои „во име на партијата/фамилијата“ го користеле државниот апарат на принуда и тајност за злоупотреби и монструозни планови – остварени и неостварени⁉️
🚩Сашо Мијалков, Сиљан Аврамовски, Тони Јакимовски, Горан Николовски, Горан Грујевски, Никола Бошковски и други, биле дел од „државата“ на која и служел Самурајот и „прикриените тимови од 25-30 лица“ со име, презиме и задачи🚩
👉‼️„Самурајот“ Нинџа кој го добил псевдонимот од началникот на Петата управа, бегалецот Горан Грујевски ВЕРУВАЛ дека, „служи на државата“, затоа што не знаел (?!) дека неговите (не)судени шефови како пикадо на телевизиски екран „убодуваат таргети“ кои треба да бидат „под контрола“, да бидат следени, прислушкувани, во поволни моменти напаѓани и во крајна фаза – ликвидирани.
👉‼️Таргети биле политичари, новинари и полицајци кои вистински и служат на државата. Викаат дека, ако те подвлекло пенкалото со две линии, тогаш си таргет. Кажа Нинџа, за кого бил задолжен тој.
Нинџа бил толку „главен“, а главни биле и неговите шефови што му довериле задача, а тој издал наредба 🔍„на протестите ако видат жена со плава коса да ја пријават кај него, бидејќи е од ЦИА“.
ЦИА и „Самураите“ ј .б..те ⁉️
➡️ Прашањата кои остануваат отворени, неодговорени и денес, само неколку дена по признанието на Нинџа се:
– Кој е профилот на лицата во „прикриените тимови’ кои извршувале незаконски задачи за УБК?
– Кој ги регрутирал?
– Кој ги ангажирал?
– Како бил нивниот статус? Ако биле во дозволен/законски однос со УБК мора да има трага.
– Кој се им издавал наредби и задачи?
– Кому реферирале за извршените задачи?
– Кој се знаел за дејствијата што ги извршувале овие „тимови“?
– Дали овие „прикриени тимови“ ги шефувало и „лицето одговорно за операции“?
– Дали овие „прикриени тимови“ и нивните шефови, свесно прифатиле да извршуваат незаконски дејствија против безбедноста на лица од општеството?
– Кој им ја давал слободата и храброста за неодговорноста ⁉️
➡️ Уште поподатливи за истражување се прашањата за ресурсите платени од народни пари. Верувам дека, секој даночен обврзник во државата го интересира кој се расфрлал со нивните пари и за какви државнички работи бил трошен буџетот на МВР/УБК, кога на располагање имало ангажирано „прикриени тимови“, нинџи и самураи.
⁉️ Дали никој не го интересираше/интересира:
– Каде се ресурсите (коли, џипови, оружје, муниција, радиостаници, опрема) со кои располагале Нинџа и „прикриените тимови“?
– Кој им ги задолжил?
– Како и по кој основ им ги задолжил?
– Кој и по кој основ им ги раздолжил?
– Каков бил трошокот за нивно оддржување?
– Кој ги снабдувал со муниција, гориво и сл.?
– Каде се денес тие средства/сметки ⁉️
➡️ На крајот на оваа низа неодговорени прашања, не помалку важното прашање, како паралела на ширењето на заразата од лекарката – родилка:
– Кој е ефектот од нивната „работа“?
– Дали некој се обиде да дознеа/истражи во која се запршка што ја ставила УБК, не биле замешани „прикриените тимови“ и Самураите?
– Дали ќе беа „несреќни случаи“, ако се оствареа монструозните планови на нарачателите кон следените лица?
– Дали оваа неказнивост, незаинтересираност и неодговорност е потик или подвиг?
– Има ли институции на кои овие признанија ќе им бидат доволни за да ги отворат сите овие поставени прашања⁉️
⁉️👉Многу прашања без одговори во контрадикција со хронологијата и кадровската фактографија.
Ако ја изоставам целата хронологија на настани кои претходеа на 27 Април 2017 година, формирањето на Влада на 01.07.2017 година, само-пријавувањето на Нинџа во полиција на 11.06.2017 година, за истакнување е
👉19.06.2017 година кога УБК доби нов директор – Горан Николовски👈
Зошто⁉️
🚩Од причина што токму овие прашања и ОЈО и МВР и новиот директор на УБК, требало да бидат приоритет и заради институцијата, и заради ресурсите и заради буџетот и заради реформата подоцна⁉️
⁉️👉И денес се прашувам:
➡️Дали Горан Николовски дозна каде е оружјето, муницијата, колите, опремата, радио станиците, значките и се друго што „должеле“ Самураите и „прикриените тимови“?
➡️Кој им ги задоллжил?
➡️Кој им дозволил да располагаат со нив?
➡️Има ли евиденција за нивната работа?
➡️Од кои средства беа плаќани нивните „услуги“?
➡️Дали ова не беше негов паралелен интерес, заедно со истрагата за 27 Април?
🎯 На овие неколку прашања и за тоа „Зошто (не)постоел интерес да се истражи ова и заради кои причини/релации?“, продолжувам утре во друг текст со „контраразузнавачката бркотница на Самураите во Собрание“ и друго 🥢сушико мени.
🚩ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вчера кажав малку, денес ќе повторам малку …, „засегнатите“ и „допрените“ нека не прават планови за „операции за дување балони и кревање на прашини“ околу мене и моето семејство. Планот не е план кога ќе се дознае, тоа и Нинџа ќе ви го каже. Ако немате одговори на овие прашања, седете си мадро и читајте. И без нервоза, молам🚩‼️
Се читаме утре ова време !
Можно е да е слика од 5 луѓе и текстМожно е да е слика од 1 лице, стоење, надвор и дрвоМожно е да е слика од телефонМожно е да е слика од 1 лицеМожно е да е слика од 1 лице и стоење


Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 22:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.