Македонија

Не излегувајте без чадор и палто

Не излегувајте без чадор и палто

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и особено во посеверните делови ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Минималната темпертура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена променлива облачност и со умерен јужен ветер. Во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната темпертура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

До сабота, како што велат од УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. Во сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, наместа пообилни, а од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.