Македонија

Не е постигнат договор за платите на наставниците, можно е штрајкот да се активира у среда напреда

Не е постигнат договор за платите на наставниците. Претставници на СОНК и на Министерството за образование ќе ги продолжат разговорите, а следната шанса за договор е во вторник.

– Оптимизмот постои од двете страни, секако дека не може да се најде идеално решение, но има  простор за изнаоѓање заедничко решение кое ќе ги задоволи двете страни – изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Неофицијално, медиумите се брифирани дека се разговарало за тоа колку треба да порасне платата, ставовите се доближиле, но засега без конечен резултат.

Министерот за образование Јетон Шаќири се надева дека нема да дојден до прекин на наставата, ако се јави потреба од дополнителни разговори.

– Не сакам да споменувам процент. Сакам да е ова последен штрајк и прекинат процес на настава. Можеби во наредниот период ќе имаме потреба од други разговори, но да нема прекин на настава – изјави Шаќири и одби да каже дали платите ќе се зголемат за 18 отсто.

Од СОНК велат дека ветувања нема и дека сите опции се отворени, вклучувајќи ја можноста штрајкот да биде активиран.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.