Занимливости

Народот удри на манџа, КАМ, Тинекс и Веро растураат на пазарот

Фантастична сума од 650 милиони евра за време на панедмијата граѓаните потрошиле само во деветте водечки синџири на маркети, анализира порталот pari.com.mk во сработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк.

Корона кризата изгледа ни го зголеми апетитот. Поради стравот за сопствениот живот, затворени по дома, во карантини и со полициски часови, граѓаните најголемата утеха и разонода бараат на трпезата. Податоците говорат за фантастична сума од 650 милиони евра за време на пандемијата граѓаните потрошиле само во деветте водечки синџири маркети, анализира порталот pari.com.mk во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк.

Тие  изнесуваат податоци според кои суверен лидер на пазарот е синџирот маркети КАМ, со вкупно остварени приходи од 169 милиони евра. КАМ е на врвот во последните три години.

На „топ-листата“ следат Тинекс и Веро, а по нив Стокомак и другите познати синџири маркети.

Најголем годишен пораст на приходи е евидентиран кај „Стокомак“ – 27,8 отсто.

Прочитајте ја целата анализа на овој ЛИНК.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.