Напредно македонско семејство, тате во властта. мама во опозиција а јас и бате на школо во странство
AФОРИЗМИ ЗА ВРЕМИЊА КРИЗНИ
– Кај нас најслабо се плаќаат писателите, а најдобро идиотите.
– Од народната мудрост живеат поединци во фолклорните институти.
– За пијаните од власт фајронт се изборите.
– Го најавивме нашиот напредок, многумина добродушно се пријавија да не закопаат!
– Политичкиот дресер од државата прави циркус!
– Засукајте ги ракавите и подајте ги рацете, за Македонија можеби сепак некогаш ќе има Донаторска конференција.
– Од многу тапкање по рамо…Македонија заглиби во кал!
– Високоморалните обично ги фаќаат во неморал.
– Властта нема појма од математика, опозицијата ја помножи со нула.
– И ние имаме коњи за трка, само првин да ги извеземе магарињата!
– Сиромаштијата во Македонија не е случајна, сето тоа некој добро ни го испланирал!
– Полните со идеали и фантазии обично имаат празни џепови.
– Вардар ќе однесе многу глупости, ама кај да ги витосаме глупаците?
– Се е во знакот на историските традиции, Албанците сакаат земја, а ние иселенички карвани.
– Господа политичари, ве молам помогнете ми, гладен сум.
– За распекмезените буџетари следува ли уште канта сирење од Синдикат?
– Колку политичарот е повисоко, толку народот ретко го гледа…
– Не давајте им вода на политичарите, многу плукаат!
– Да не беше судирот со терористите 2001-ва немаше да знам дека во Тетово имало еден куп села.
– Независните во политиката зависат од банкарски кредити.
– Според фотељата и газ му дадоа.
– Животот е една голема лепешка прилепена за нашите петици.
– Догодина е изборна година , политичарите ќе не бираат.
– Ние му верувавме до крај…на неговиот мандат.
– Цел живот се фалеше дека бил во вистинската партија на крај прејде во владејачката.
– Во минатото луѓето пееле за ламји и чудовишта оти не знаеле за Златна зора.
– Во Македонија тераме нова мода, политика на скинат џеб.
– Во држава на ползачи и молзачи нема млеко наутро.
– Многу градски татковци изгледа заборавија од кое село ги прибравме.
– Победата морално ги порази.
– До пред дваесет години бевме убедени социјалисти, денес сме социјални случаи.
– Господа ве молам апалуз, ќе ни заспие говорникот.
– Достоевски умре, идиотите преживеаја.
– Христос се роди, демократијата слави.
– Не сум агресивен докторе, само лаам на политичките митинзи.
– За нашите грешници грешките ни судат.
– Политичарите не се купуваат ами поткупуваат.
– На распродажба најниска цена добива…народот.
– Секогаш има време за љубов и време за омраза, време на војна и време на мир.
– Македонскиот ќорсокак е историски феномен. Идните генерации ќе не изучуваат во поглавјето “КАКО НЕ СЕ ПРАВИ ДРЖАВА”.
– Странците ни удираат четки за нашата државничка зрелост. Ние пак црвенееме од срам.
– Само во Македонија една Влада претставува федерација на автономни партиски министерства.
– Изгласавме што изгласавме сега парите и партиите се на потег.
– Во Македонија има одлични услови за напредок на марихуанта и организираниот криминал…
– Капиталот и денес е на цена само Маркс го заборавивме.
– Дплгите умишта кратко сечат.
– Во минатото оној кој не ги обесуваше нивните слики на зид го бесеа на дрво.
– Задоволство ми е да работите за мене, штом парите воопшто не ви се битни.
– Не размислувате? Па вие воопшто не личите на странец како да сте еден од нас.
– Ви ја подарувам мојата чиста совест, а за син ми вилата на Водно.
– Нашите политичари се медицински феномен, му задаваат главоболка и на аспиринот.
– Само без чевли умее да изброи до дваесет…пратеници.
– Сите политички приказни имаат среќен крај, имено сите се среќни кога ќе завршат.
– Ако со ѓаволот тикви садиш, твоите деца на Бит-Пазар семенки ке продаваат.
– Политичари ако не можете добриот стандард, барем вратете ни ја младоста?!
– Еврото глуми на сцена, ама доларот сеуште режира и суфлира.
– Имаме богат медиумски пазар, ама осиромашени информации.
– Повлекоа линија на разграничување сега секој ќе си пука во својот двор.
– Комшија кажи бе нешто убаво? Море марш у…
– Роди ме мајко и фрли ме во..Управен одбор.
– Кога државата има проблем со слухот се служи со доушници.(позајмен море украден).
– Тој е многу контраверзен политичар, едни го мразат, а други ама ич не го сакаат.
– Младите ги имаат идеите, а старите ги имаат пензиите. На младите светот останува…празен.
– Еј, кради со усул и ред, нека има и за мојот џеб.
– Тој ЗАГИНА, а болеста, хм дополнително ќе ја договориме.
– Имотот нека му биде утеха за се, богами добро се утешил.
– Клетвите ги измисли народот- за народните избраници!
– Спортски тип сум секогаш им дозволувам на автомобилите да ме претекнат.
– Некои од алкохолот извлекоа повеќе отколку тој од нив.
– Не се ни претстави, а ни ги кажа сите негови титули.
– Децата се нашето принудно богатство.
– Криминалец со тапија, завршил политичка школа.
– За глупавиот син работи ксметот на неговиот богат тате.
– Говорат македонски, а озборуваат на дијалект.
– Ситуацијата мора да смрди штом се обидуваат да ни ги покријат очите.
– Умри комшија и остави ми ја козата намира!
– Во наследство ни останаа само наследните болести од дедо и баба.
– Тепајте ги децата за да не јадете ќотек за нив.
– Оние што се разбираат во секоја работа, обично се невработени.
– За да не го нарекуваат сељак продаде се што имаше по село.
– Не гласајте за него, тој е добар човек властта ќе го расипе.
– Неговата смрт никој не ја заборави, на сите им должеше.
– Напредно македонско семејство, тате во властта. мама во опозиција а јас и бате на школо во странство.
– Кај нас најмалку ти лаеле кучињата.
– Човек, како тоа смешно ѕвучи.
– Не фаќајте го за збор, фатете го за гуша.
– Другар на мака се познава, а роднина на софра.
– Животните кога се сити мируваат, а луѓето побеснуваат.
– Тој што ќе ја обедини Македонија во знак на народно признание и љубов- веднаш да се уапси!
– Ваше, нивно, сечие, мое…приватизирано или денационализирано.
– Со големи пари обично се купуваат евтини луѓе.
– Убава жена и Македонските граници секогаш предизвикувале кавги.
– За татковината падна..од кревет!
– Љубовта е слепа се додека не и погледнеш меѓу нозе.
– Се ме боли како да не ме правеле луѓе ами работници на Орка во втора смена.
– Жената прво ви мириса на цвеќе а после ве апе како пчела.
– Љубовта боли, а јас сум ќорав, рече зајакот и се симна од ежот.
– Лекот не делуваше, на пациентот му истече рокот на употреба.
– Децата и будалите не знаат да лажат…другите сушат.
– Читателите сакаат книги, а писателите хонорарите…
– Мамо дај чеканот, тато има мува на главата и две швалерки!
– Додека има немажени девојки и јас не се женам.
– Добра кола има комшијата цирка четарсто коња, штета што внатре се вози едно обично магаре.
– Жена ми побегна со мојот најдобар другар. Тој многу ми недостасува.
– Машките не ги бидува за музика играат како што им свират жените.
– Дебел е, мора да растел кога на времето месото беше евтино.
– Ако дигаме прст со што да чепкаме по контејнерите???
– Човек секогаш во џеб треба да има полн паричник. Долгите прсти не сакаат тенки џебови.
– Тој странки прима понекогаш, а пари зема секогаш.
– Политичарите и музичарите се исти пеат туѓи песни.
– Им дадоа одврзани раце, а овие си го врзаа ќесето.
– Ве јавнале? Па што им се веднете?
– Внимание и ушите имаат зидови.
– Ај што нема мед и млеко ама летоска и вода фалеше..
– Додека на запад избива квалитетот на површина, кај нас избива…војна.
– Најпрвин беа новинарите потоа настанаа проблемите.
– Политичарите си ја префрлаат топката, а народот прима голови.
Народот ВЕРУВА…дека политичарите лажат..
– Чудни некои политичари имавме во минатото, имаа маратонски склоности, крадеа што крадеа па трк во странство со туѓ пасош, а нашето стопанство како полжавче.
– Не учете го Македонецот да го врти образот туку покажете му како да ги користи рацете.
– Ја преспавме иднината на своите деца.
– Нека се живи и здрави идните поколенија тие ќе ги враќаат нашите задолженија.
– Не е тешко школото, скапа е школарината!
– Празниците поминаа, а ние останавме во Македонија…
– Кој се лути нека му стои, господ здравје да му даде на авторот.
