Некатегоризирано

Направил сообраќајка со нерегистриран автомобил, а полицаецот го пуштил да го регистрира за да не го казни

Полицијата поднесе пријави против седум лица осомничени за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа, поттикнување и несовесно работење во службата.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (48), полициски службеник во полициска станица- Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа, Д.М. (36), водич на безбедносен реон во полициска станица- Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа, Д.М. (36), водич на безбедносен реон -Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата Д.С. (38), полициски службеник во полициска станица- Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела поттикнување во врска со горенаведените кривични дела и употреба на исправа со невистинита содржина, З.Ц. (63) и Г.Н. (48), двајцата контролори во Станица за технички преглед „Центар за возила“- Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и И.С. (34), полициски службеник во ПС Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело поттикнување во врска со горенаведените кривични дела.

На 4 февруари Ј.Ј. дозволил возило фолксваген голф, управувано од Д.С, да го напушти местото по случена сообраќајна незгода за да изврши продолжување на регистрацијата на возилото, која била истечена на 3 септември 2013 година.

По ова, Ј.Ј. во службените евиденции внел дека возилото е регистрирано и не му изготвил платен налог за наплата на глоба од законот за возила, додека Д.М. пропуштил должен надзор и контрола на работата над Ј.Ј. иако и тој бил присутен на местото на настанот. Истиот ден З.Ц. и Г.Н. , на барање на И.С., не извршиле технички преглед за утврдување на техничка исправност на патничкото возило фолксваген голф, сопственост на Д.С., односно само потврдиле дека возилото е технички исправно иако воопшто не било донесено во просториите за технички преглед.

Потоа, И.С. барањето за продолжување на регистрација со невистинита содржина го доставил кај референтот за регистрација на возила, врз основа на што му била продолжена регистрацијата на возилото.

ИЗВОР ТУКА



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.