Живот

Нападнатите Роми сведочат: Наместо да ни помогне после сообраќајка, полицијата не малтретираше

ОНАЗИС : 1.Сакате да заработите пари? Дружете се со богати. 2.Сакате да најдете решение на секој проблем ? Дружете се со напатен човек !

На социјалната мрежа Фејсбук денеска беше споделено видео на кое се гледа како македонски полициски службеници брутално тепаат човек среде улица. Во описот на видеото пишува дека претепаниот човек е всушност лице од ромска етничка заедница. Вечерва невладината организација „Аваја“ објави видео во кое сведочеа нападнатите лица, во кое таткотo, синот и третото лице кое било заедно со нив во автомобилот раскажаа што точно се случило.

-Наместо да ни помогнат тие почнаа да не удираат. Направивме сообраќајна несреќа, бевме малку пијани во автомобилот, по што удривме во бандера. Очекувавме полицијата да ни помогне по сообраќајната несреќа, а не брутално да не тепаат. Во полицијата никој не не прегледа. Вода побарав, вода не добив. Се иживуваа со нас и не држеа во станица до 5 саат сабајле – раскажуваа нападнатите лица, нагласувајќи дека биле нападнати без причина.
Видеото може да се погледне на следниот линк.

Македонија

Заболени
27,199
+245
Мртви
934
+15
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 26/10/2020 - 19:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.