Црна Хроника

Наместо полицајци да го спроведат во душевна болница , им го одзел полициското возило и си вртел кругчиња околу Демир Хисар!

Во врска спектакуларното апсење кое се одвиваше во Охрид ,а во кое МВР дебело се посрмоти , постои и претходен настан во којСВР Охрид сокрила невиден скандал во своите редови!

Настанот се одвивал некаде на почеток во месец Јуни 2020 година ,кога од страна на СВР Охрид биле упатени полициски сили да спроведат лице од Охрид во специјалната болница за душевни болести во Демир Хисар.

Полицајците кој вршеле спровод на лицето до болницата во Демир Хисар, при пристигнувањето го оставиле лицето во полициското комбе,а во кое комбе „професионалците“ ги оставиле и клучевите?! И , тогаш започнала вистинска трагикомедија . Лицето кое требало да заврши во специјалната болница , си го запалило полициското комбе и си заминало да си врти кругчина со полициското возило околу Демир Хисар , а си се возел и по околните планини ,се додека во полициското возило имало гориво!

Очекуваме соопштение за јавност од страна на СВР Охрид и за овој трагикомичен настан.

Воопшто не е чудно што се доделувале пари од Еразмус+ за дресирање на магарина…

С.Д.

Македонија

Заболени
26,394
Мртви
897
Излечени
18,430
Активни
7,067
Last updated: 25/10/2020 - 08:56 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker