Црна Хроника

Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје

УБИСТВОТО ОД УТРОВО Е ПО ИСТ РЕЦЕПТ КАКО УБИСТВОТО НА „РУЗВЕЛТОВА“, РЕАГИРААТ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје

Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по убиството што ноќеска се случи во скопската населба Топанско Поле. Велат, со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град.

Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие. Двократното убиство од утринава само го потврдува тоа. Двајца луѓе се буквално изрешетани со калашников, а полицијата не само што ги нема фатено, туку и не знае за убијците. Убиството од утрово е по ист рецепт како убиството на „Рузвелтова“, кога исто така беа убиени двајца луѓе од друго возило во движење. И тој случај, како и овој од утрово е нерасчистен. Спасовски не ги знае убијците и тие се на слобода, и можат да го повторат делото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека во последните 4 години додека е Спасовски министер, ова е едно од десетина убиства, за кои не се знае ништо, а убијците се на слобода.

Спасовски да каже како може некој да поседува калашников, а полицијата затоа да не знае. Дали граѓаните се безбедни и како тој тоа го гарантира, кога секој криминалец почна во кола да носи калашников?

Спасовски и политичкиот дел од полицијата станаа главни заштитници на криминалот. Нема друг одговор освен сојуз помеѓу мафијата и Спасовски.

Спасовски свесно ги дозволува мафијашките дивеења. Додека мафијата дивее, народот е уплашен.

Спасовски и сите заштитници на криминалот треба да знаат дека следува одговорност и дека за ваквото не делување и непостапување ќе одговараат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.