СветСекс

Најплоден татко на светот: Има 151 дете со 16 жени, ќе си земе уште една

Таткото на 151 дете вели дека спие со најмалку четири од неговите 16 жени секоја вечер затоа што сака да има што повеќе потомци.

Мишек Нјандоро од Зимбабве вели дека мора да се жени со помлади жени, затоа што постарите се жалат дека не можат толку често да имаат секс, пренесува The Sun.

66-годишникот не планира да запре и вели дека е подготвен за својата 17-та сопруга. Тој вели дека развил распоред што му овозможува да спие со најмалку четири жени на вечер. “Одам од една спална во друга според распоредот. Ја задоволувам жената и одам во соседната соба”, вели тој.

“Тоа е мојата работа. Немам друга работа. Го менувам однесувањето во спалната соба во зависност од возраста на секоја од моите жени. Не се однесувам кон помладите исто како кон постарите”, објаснува тој.

Тој исто така се пожалил дека постарите жени не се секогаш заинтересирани за секс, но вели дека сите се задоволни со своите животи. Тој додава дека сака помлади жени, бидејќи тие имаат посилно либидо. Најавува дека сака да има 100 жени и 1.000 деца.

Пензионираниот ветеран вели дека сега неговата трајна работа е да ги задоволува своите жени. “Она што јас всушност го работам овде е да завршам проект. Полигамен проект што го започнав во 1983 година и немам намера да застанам додека смртта не ме одведе”, вели тој.

„Во моментов ја планирам мојата 17-та венчавка, која треба да се одржи оваа зима.“

Тој тврди дека не се чувствува оптоварен од повеќе од 150 деца и објаснува дека тој всушност имал корист од неговото џиновско семејство. Вели дека децата редовно му носат подароци и пари, а жените му готват, чистат и му ги исполнуваат сите други желби.

“Децата ме разгалија. Постојано земам подароци и пари од нив и од моите посиноци”, вели тој.

Тој додава дека неговите жени му готват секој ден, но тој има правило дека јаде само вкусна храна. „Се што сметам дека е под стандардот го фрлам“, вели тој. “Тие ги знаат правилата. Ветија дека нема да се лутат кога ќе им ја вратам храната. Сè што ќе вратам треба да биде лекција за да им помогнам да се подобрат”.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.