Колумни

Најкратката колумна во светот

АГИМ ЈОНУЗ

Оваа колумна е универзална за сите пост социјалистички земји кои сметаа дека преку ноќ се достигнува  ‘‘Американ дрим‘‘. Не е населението криво, народот, тој цело време од после втората светска војна е дрогиран со про-западна идеологија. Со џепна демократија. Сега таа му ебе матер.

Дозата е прејака за корпус пораснат на чинија графче и бовчичка полна надеж дека зад хоризонтот на крајот на виножитото има ќуп со злато. Битно е да бидеш ‘‘младичот‘‘ во филмот “The Good, The Bad, & The Ugly”, од чии сини очи врескаат пораките:

Биди расипан, ама биди културен
Биди ‘‘ кур те боли важно е ти да си главен‘‘ и играј си со рајата
Носи дома макар чачклици ако се бесплатни, се е ‘‘ќар‘‘
Негувај ги ајваните што се палат по националното, тие се стадото
Фрли рипче фати крапче, така ќе изгледаш мудар
Биди патриот ‘‘ до јаја‘‘, ќе те пишува во историјата
Прај се дека без тебе не бива ништо, ќе убедиш барем тројца

Избери кому пушиш ? Америка / Русија?… најбоље е да си ‘‘ Руски каубој‘‘
Биди хуманист со туѓи пари, …
Колни се во мајката земја, плачи на свадби и погреби
Обеќавај што ти душа сака раја голта се и сешто
Согласувај се со тие на улица и биди до крај ‘‘ уз нив‘‘,… до први семафори
Колни се во Бога на секоја кривина, дур тој те казни, ехее,.. има време
Сослушај секого и пушти по некоја солза за атер, прегрни го, пољуби го
Глуми го Исус жртвител за обичниот човек

МРШ МОРЕ ДА ТИБАМ СЕ ЖИВО!!! … ‘‘НА СИТЕ ЕДЕН КЕ ИМ СУДИ‘‘ ( Тоше Проески‘‘)
ANO DOMINI 2020 SKOPIE / TERRA MACEDONICA

Агим Јонуз

Македонија

Заболени
25,473
Мртви
874
Излечени
18,047
Активни
6,552
Last updated: 23/10/2020 - 09:56 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker