Занимливости

Најголемиот брод во Македонија: Чини неверојатни 2 милиони евра

Ние имаме многу пловни објекти распоредени на природните езера. Некои со мали, некои со среди димензии. Но релативно габаритни и бродови кои одеднаш можат да превезат многу луѓе ги има само во Охрид. 

 

Сепак, постои еден брод кој не плови, а е најголем во земјава и е поставен на најмалото езеро во Македонија- езерото Младост кај Велес.

 

 

Бродот „Панини“ се градеше скоро 7 години. Со неговите димензии се одвојува од целината на питомиот езерски предел, долг е 56, широк 10 и висок 8,5 метри, тежок 560 тони и има 2000 метри квадратни корисна површина под кров. 

 

 

Спаѓа во категоријата на туристички јахти и тој е најголем во Македонија, а се верува и на Балканот, за езерата. 

 

 

Панини“ е изграден на три нивоа, во потпалубата се кабаре и пивница, на палубата слаткарница и кафе додека натпалубата е намената за 14 апартмани. Има и летна тераса за 300 гости, бизнис сала за семинари со 120 седишта и ресторан за 500 гости.

 

 

Бродот нема сообраќа по езерото, туку е укотвен покрај брегот. До него се стигнува преку понтонски мост долг 30 метри. Бродот е граден на суво, за потоа да биде спуштен во водата, а го граделе 24 подизведувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Германија. Колку внимание е посветено на работата, покажува фактот што тој 16 пати е префарбуван, поради заштита од корозија. 

 

 

Се претпоставува дека за неговата изградба се потрешени дури 2 милиони долари.

 

 

Ова здание е секојдневно посетувано од туристи и е вистинска атракција, не само во земјава, туку и од гости од странство.

Фото: Booking



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:45 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.