Свет

Најевтини земји за живеење во 2022 година: Нашава земја е скапа за живот

Веб-страницата специјализирана за демографија и економија направи листа на земји каде што трошоците за живот се најевтини во 2022 година.

Трошоците за живот или парите потребни за одржување на одредено ниво на удобност ги вклучуваат цените на домувањето, намирниците, даноците и здравствената заштита.

Некои земји имаат многу високи трошоци за живот, особено во областите околу големите градови. На пример, во Соединетите Држави, градовите како Њујорк и Сан Франциско имаат многу високи трошоци за живот, додека живеењето во области како што се руралните Мисисипи, Канзас или Оклахома може да биде многу поприфатливо.

Некои земји имаат многу ниски трошоци за живот, што ги прави привлечни дестинации за емигрантите, пензионерите и другите заинтересирани за намалување на трошоците за живот, пишува worldpopulationreview.com, страница специјализирана за демографија и економија.

По правило, пресметката на трошоците за живот започнува со евидентирање на трошоците за основните потреби, од кирија/хипотека и здравствена заштита до цената на лебот, во одреден град. Овие трошоци потоа се споредуваат со трошоците за истите набавки во другите градови. Броевите за секој регион во дадена земја се собираат и потоа се споредуваат.

Македонија ја нема во земјите каде се живее најефтино.

Топ 10 најевтини земји за живеење (месечно во американски долари) – трошоците за живот

– Авганистан – 354 долари

– Пакистан – 370 долари

– Индија – 423 долари

– Тунис – 424 долари

– Шри Ланка – 428 долари

– Киргистан – 430 долари

– Алжир – 431 долари

– Сирија – 435 долари

– Непал – 439 долари

– Турција – 447 долари

10 најевтини земји за живеење – глобална економија

– Египет – 27.37

– Украина – 37,76

– Судан – 38,29

– Киргистан – 40,38

– Азербејџан – 40,56

– Мјанмар / Бурма – 41.08

– Сиера Леоне – 41,32

– Непал – 41,85

– Индија – 42,86

– Таџикистан – 43,51



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.