Македонија

Најдоцна до 15 октомври ќе почнат сите активности за именување директори

Веќе следната семица ќе почнеме со именување на директорите, таму каде што треба конкурси ќе се распишат, а верувма дека и надлежните институции како што се надзорните одбори ќе ги почнат постапките за избори и именување. Моите очекувања се дека сите именувања или постапки за именувања како активности ќе бидат отпочнати не подоцна од 15 октомври, а некаде дури и ќе завршат изборите, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Во државата имаме многу акционерски друштва во кои надзорните одбори распишуваат конкурси и потоа именуваат директори на седница на надзорен одбор, а и министрите се надлежни во делот на селекција на некои директорски раководни места. Очекувам следната недела да почне процесот на именувањата, рече Заев во договор на прашање на денешната прес-конференција на која ги презентираше мерките од четвртиот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од ковид кризата.Готови сме, додаде, со државните сектретари и веројатно секој од министрите ќе може во текот на следната недела да ми каже за именувањето на државните секретари кои следуваат во процесот на кадровското екипирање после парламентарните избори

Македонија

Заболени
26,394
Мртви
897
Излечени
18,430
Активни
7,067
Last updated: 25/10/2020 - 09:11 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker