Македонија

Над 1.000 автомобили на протестот против Заев и неговите пробугарски ставови

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го започна протестот со автомобили, кој го најави по вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС.

Протестот што партијата го најави како „сенароден и натпартиски“, се одвива под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“.

Според фотографиите кои ги направи нашиот фоторепортер, може да се забележи дека граѓаните масовно со над 1.000 автомобили излегоа да му кажат едно големо НЕ на Заев и неговите пробугарски ставови.

Поради ситуацијата со ковид-19, протестот се одвива со автомобили. Започна од пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Карпош, а во моментов автомобилите се движат низ скопските улици и треба да завршат пред Владата.

Во повикот за протестот од опозициската партија апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анационална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродадат националните интереси на Македонија“.

„Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија“,

соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, непосредно пред почетокот на протестот.
Опозицијата протестот го пренесува и во живо преку профилите на социјалните мрежи.

Заболени
89,463
Мртви
2,739
Излечени
74,800
Активни
11,924
Last updated: 21/01/2021 - 05:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.