Свет

На жена која била позитивна на Ковид-19 ѝ го запалиле автомобилот: Мислеле дека повторно се воведуваат мерките поради неа

Медиумите во Австралија известуваат дека на жената, која била позитивна на Ковид-19 ѝ бил запален автомобилот. Се верува дека станува збор за напад поврзан со нејзиниот позитивен тест, а кој резултирал со воведување на нови мерки против ширење на вирусот во јужните делови на Австралија.

Севен Њуз извести дека автомобилот бил пронајден запален покрај нејзината куќа доцна во вторникот навечер по локално време, пренесува Гардијан.

Таа и нејзините деца биле дома кога бил подметнат пожарот.

 

 

 

Локалните медиуми пренесуваат за гласините каде би можела да се зарази жената со корона, додека началникот на полицијата, Грант Стивенс се изјасни дека е против ваквиот напад.

“Луѓето не би требало да претпоставуваат што се случувало, тоа е непотребно и неоправдано”, рекол тој.

 

 

 

Стивенс рекол дека луѓето направиле тешко злосторство и доколку ги откријат ќе биде постапено на соодветен начин, но додаде и дека луѓето треба да покажат толеранција.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:10 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.