Македонија

НА СРЃАН КЕРИМ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА НЕПЛАЌАЊЕ ДАНОК

Судскиот процес, кој се очекува да започне во првата декада на декември, е инициран од Управата за јавни приходи (УЈП), каде што Керим е пријавен за „финансиска недисциплина“, односно дека не плаќал за извршени услуги

ВО ХРВАТСКА Да го потсетиме судот дека керим се наожа во Хрватска

ЉУБИША СТАНКОВИЌ

Освен што се води како осомничен во предметот познат како „Империја“, некогашнот сопственик на „Медиа Принт Македонија“, Срѓан Керим е обвинет и за финансиска недисциплина, односно дека не им плаќал на фирми кои испорачале свои услуги.
Судењето на Керим, како што дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“ е закажано за првата половина на декември, иако Управата за јавни приходи (УЈП) против него иницирала постапка уште во февруари 2018 година.
Зошто судот, по речеси три години, нема изречено никаква санкција засега останува нејасно, но повеќе од извесно е дека на Керим ќе му се суди за делото за кое што е пријавен.
Имено, во Барањето за поведување на прекршочна постапка стои дека „врз основа на извршен надзор врз должникот ‘Медиа Принт Македонија’, а за што е изготвен записник број 25 од 18.06.2017 година, констатирано е дека должникот не ги исполнил паричните обврсјки кон доверителот ‘Офсет Ацо ДООЕЛ’ и ‘ИН Такси’!“.

ВО ВРЕМЕ КОГА БЕШЕ ВО ПОДЕМ Керим е еден од оние кои унесреќија многу новинарски семејства

Керим бил известен за поведената постапка пред државните инситуции, но тој го игнорирал известувањето и не го плаќал долгот. Во случајот на „Офсет Ацо“ се работи за фактура со број 12 од 16. мај 2017 година, но она што на овој случај му дава посебност е сознанието дека Срѓан Керим добил „Известување за пречекорување на законските рокови за плаќање на обврските“, од 21. јуни 2017 година.

Избегнување да се плаќаат обврските е нешто што не е ново и непоанато за менаџментот на „МПМ“. Неплаќањето кон одредени доверители е време кога Срѓан Керим ќе успее да остане единствен сопственик на компанијата, а потоа брендовите на дневните версници да му ги пренесе на еден од неговите блиски соработници, а кој, пак, за реализрање на замисленото, на домашна адреса, ќе формира нова фирма со слично име на “„Медиа Принт Македонија“. Всушност, крајната цен на Керим беше гансење на дневните весници и ослободување од сите вработени на кои, се разбира, не треба да им се исплатат и основните долгувања, а кои ќе бидат предмет на неговото судење во рамки на предметот наречен „Империја“, а во кој како првоосомничен се јавува Орце Камчев, инаку уште еден содружник во сопственоста на „Медиа Принт Македонија“.

РАСПИТ Пред СЈО се појави со Јана Станисављева од МПМ

Инаку, сега веќе расфомираното Специјално јавно обвинителство, уште во септември 2018. година, потврдија дека се води кривична истрага за ・МПМ・и дека сопствениците се сомничат за неколку кривични дела: отворање на лажен стечај, оштетување на доверители и за злоупотреба на службената положба и овластувања и за злоупотреби на средства во износ од неколку милиони евра.
Срѓан Керим на 13 септември 2018 година беше во СЈО каде даде свое видување за случајот.

Македонија

Заболени
55,127
Мртви
1,546
Излечени
32,894
Активни
20,687
Last updated: 24/11/2020 - 15:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.