Македонија

НА СКОПСКИ ИЗВРШИТЕЛ МУ СЕ ПАДНА БИНГО: Mу заплени 9,5 милиони евра на Самсоненко, ќе си лапне провизија од најмалку 100 000 евра!

Извршителот Никола Богатинов на 26 ноември пријавил дека од уделот на бизнисменот Сергеј Самсоненко во компанијата „Сис Инвест Груп“ има налог за запленување на имот од 9,5 милиони евра.

Извршителот го известил трговското друштво дека се врши заплена на уделот во големина од 9.540.749 евра од главнината на „Сис Инвест Груп“. на должникот Сергеј Самсоненко заради наплата на побарување.

Во Централниот регистар е соопштено дека доверителот се стекнува со заложно право на уделот, а на должникот му се забранува да располага со запленетиот удел. Во известувањето се напоменува дека на 29 декември 2020 Основниот граѓански суд Скопје донел решение да запре стечајната постапка по предлог на должникот откако на тоа се согласиле доверителите кои пријавиле побарување. Но по речиси една година уделот на Самсоненко од предмет на стечајна маса сега станува предмет на извршување, бидејќи по правосилноста на решението „Сис инвест груп“ во меѓувреме излегува од стечај и може слободно да управува и да располага со имотот што влегол во стечајна маса.

„Сис инвест груп“ ги поседува најверојатно најатрактивниот плац во земјата во центарот на главниот град, заедно со недоградениот хотел „Мериот Кортјард“ и невселениот Офицерски дом, во кој требаше да има и градска куќа. Вкупното побарување од фирмата на рускиот бизнисмен во судскиот процес изнесуваше исто така 9,5 милиони евра.

Претходно медиумите пишуваа дека во овие објекти Самсоненко досега вложил 14 милиони евра, а франшизата за хотелот „Мериот Кортјард“ ја платил 199.000 евра. За да го заврши целиот градежен потфат, Самсоненко проценил дека му се потребни уште 20 милиони евра.

Тој во претходно интервју рече дека „злосторничко здружување со мрежа на корумпирани нотари, извршители и судии, се обидуваат да му го одземат деловно-хотелскиот објект преку обезвреднување, фалсификување и вметната клаузула за активирање на стечај“.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.