Некатегоризирано

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ОВА: Цената на зејтинот драстично „рипна“ – веќе од 95 па сè до 115 денари по литар

Граѓаните се жалат дека секое одење во маркет се соочуваат со нови поскапи цени на неопходните прехранбени производи.

Поскапе сѐ, јајца, шеќер, млечни производи, овошјето, зеленчукот, а најмногу од сѐ поскапе маслото за јадење. Ако до пред некој период се продаваше по цена од 60 денари, сега достигнува цена од над 90 денари.

Наш читател ни испрати фотографија на која се гледа дека познатите брендови на масло за готвење/јадење веќе достигнало цена и до 115 денари во некои маркети.

Извор: google

Во периодот пред пандемијата, суровината односно истиснатиот сончоглед пред рафинирање се движеше 750 до 800 евра по тон за сега да биде 1350 до 1400 евра по тон па и можеби повеќе.

Покрај зголемената цена на суровината, покачени се цените и на репро материјалите како најлон, стреч фолија, гранулат за ептувета за амбалажа, на светско ниво. За пример најлонот беше 80 денари по килограм сега е 130 денари по килограм.

Производителите на маслото за јадење велат дека растот на цената бил неизбежен бидејќи цените на светските берзи во последниве шест месеци двојно се зголемени, а тие мора да ја следат таа цена.

А мора да сме зависни од високите берзански цени на увезените суровини затоа што имаме недостиг на домашни суровини и мало домашно производство на земјодески продукти.

Пандемијата ја покажа само потребата од домашна суровина за преработка, која доколку се обезбеди со договорно производство, ќе биде најсигурно и најевтино за произведувачите, но и за македонските потрошувачи затоа што засега за ваков вид на суровини македонскиот пазар е зависен од увозот.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 10:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.