Живот

На семејство заразено со вирусот, никој не им помагал, немало кој во набавки да оди: Емотивна приказна на Денис Јанкуловски

Уште еден силно-емотивен и вистинит статус напиша новинарката Мери Јордановска, кој сите треба да не замисли и од кој сите можеме да научиме.

„Не се осеќам добро, не сум добра“, ѝ велам. „Ти треба доктор или разговор“, ме прашува таа. „Не бе драга, доктор не ми помага“, ѝ велам.

Ова автоматски алудираше дека ми треба разговор. Ама тука разговорот заврши. Разговор немаше. Не знаеше ни што ми се случува. Таа имаше работа.

Да скршев нога, можеби тука ќе беа 50 луѓе да прашаат како сум. Оти скршената нога се гледа, скршената душа не. Да си депресивен, еден до двајца можеби ќе се обидат да те сфатат, пред да кренат раце и да кажат „абе ајдееее, што ти фали, имаш маж, стан и кола“.

Небаре ко на скала да се брои што материјално поседуваш за да си среќен или не. Па дури и да не си депресивен, еве, едноставно да си во изолација…

Сте преброиле ли колку луѓе би биле тука за вас, да ви носат храна секој ден, да ве прашуваат како сте и да направат минимум напор да ве расположат?

Малку се. Сè помалку. Кор-оната ја отвори себичноста. Ко роната ја донесе злобата на виделина. Благодарност до ко роната. Оти слепи ќе живеевме.

„Изморена сум, цел ден луѓе ми ѕвонат да ме прашаат како сум“, ми вели другарка ми, која е во изолација поради ко ронавирусот. Е таа е богата. „Зборувај им со сила“, ѝ велам, „оти богатство имаш“.

Само пребројте ги. Толку треба. Колку и од кого „како си“, добивате понекогаш. Тоа е вистинскиот одговор на ова ново време, полно со себичност, полно со лицемерие и со лаги, полно со последици кои во иднина ќе ги чувствуваме и запрашајте се:

Кое е моето ‘семејство’ на кое можам да се потпрам комплетно? Не се многу, така? Е тие што се, чувајте ги. Оти се друго е лага.

На ова се надворза популарниот Денис Космонаутко, Денис Јанкуловски, техничар од Одделението за микробиологија во скопскиот Центар за јавно здравје кој прави домашни тестови и е еден од најпозитивните ликови во времето на пандемијата.

Токму тоа, уствари токму сè што пиша погоре. Пред неколку месеци, момче во карантин во еден хотел, од оние поголемите. Сам меѓу 4 ѕида, сам на спрат, никој друг. Бев 6-7 пати за тестирање кај него.

Тоа што мноооогу му недостасуваше беше разговорот, не оној со телевизорот. Останував и по 20тина минути, не ми бeше воопшто проблем. На почетокот тема корона, опасности, што и како, кога ли тие два негативни.

После тоа темите беа произволни. Се изнајдовме прилепчани, па како животот во Скопје, па еднаш потслушнав музилче на тв па и за тоа зборувавме. Не беше воопшто битна темата, битно беше дека тој имаше разговор со некого.

Тоа цело време го кажувам, изолацијата, карантинот, таа наметната самотија и не мора да биде самотија.

Имаше и ситуации каде позитивно семејство кое не смее да излегува од цела зграда немаше никој да им помогне во набавки, никој не вика да оди и дома да им влегува. На врата нека им ги оставаат кесите, нека бегаат одма колку што ги држат нозете.

Ама нека помагаат. Многу поразителни моменти увидов оваа речиси цела година. На што не` научи ко роната? На ништо“, напиша Денис.



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 07:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.