БалканТОП

„На попот не му се допадна калуѓерскиот имиџ на ќерка му, па си замина од бекстејџот“?! па кој му е крив што очувал тоа гледа, он не е поп ѓавол е

Марија Груевска бриљираше во „Ѕвездите на Гранд“, а дел од српските медиуми „се фатија“ за татко и: „На попот не му се допадна калуѓерскиот имиџ на ќерка му, па си замина од бекстејџот“?! (ВИДЕО)

Македонската кандидатка Марија Груевска од Битола имаше мошне впечатлив и забележителен настап во последната емисија на регионалното музичко талент шоу, „Ѕвездите на Гранд“.

Марија, која е дел  од тимот на Александар Милиќ Мили се претстави со песните „Единаесет“ од Марија Шерифовиќ и „Кукла за бал“ од „Парни Ваљак“, а за обата настапа имаше подготвено прилично „егзотичен“ стајлинг, кој го промени помеѓу двете изведби на песните што ги пееше.

По неколку  минута расправија меѓу славната жири шесторкаа, Саша Поповиќ пресече: „Ја пуштам Марија да одии понатаму“, но и на нејзиниот опонент Селим му дозволи безбедно да оди во баражот!

Сето ова не остана незабележано и во српските медиуми кои будно ги следат случувањата во „Ѕвездите на Гранд“, но не им е прв пат работите да не ги пренесат онака како што навистина се случуваат, туку онака, како што „тие ги виделе“, односно, како што ним им одговара. Веројатно зарадни повеќе причини, но најголемата – сензационалноста по секоја цена и таму каде што ја нема! Заради што поголема читаност, гледаност, повеќе кликови, лајкови, споделувања… Така беше и овој пат, а „мета“ на преувеличување им беше придружбата на нашата Марија во Бекстејџот.

Имено, битолчанката во Белград ја придружуваа нејзиниот татко Дуле, кој е свештено лице, братот и малечката братучетка. Тие будно и проследија обата настапа на нивната Марија, која навистина бриљираше и со изведбата, и со изгледот и имиџот огледани во светскиот сценски стајлинг, што го пофали и самата Карлеуша.

Марија која за првата изведба беше облечена во стилизирана одежда на калуѓерка, истата ја фрли на подиумот соблекувајќи ја за вториот настап, во кој беше облечена налик на стајлинзите на самата Карлеуша,  Џеј Ло или Бијонсе.

Но, некои од српските медиуми апострофирајќи го токму тој момент, напишаа дека на таткото на Марија кој е дел од Македонската Православна Црква, наводно ова не му се допаднало, па не ги чекал коментарите во „собата за емоции“, туку излегол надвор!



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.