Балкан

На коцка, дрога и к*рви: Шеф на хуманитарна организација откри на што ги потрошил сите пари на граѓаните!

Собирањето на хуманитарна помош за болните и социјално загрозените лица ги охрабрува луѓето да се вклучат во акции и на тој начин да им помогнат на оние на кои им е најпотребна помош. Меѓутоа во целиот тој систем има луѓе кои ги злоупотребуваат тие пари за свои потреби.

Еден таков пример доаѓа од Хрватска каде претседателот на една хуманитарна организација парите ги трошел на жени, алкохол и дрога, како што и тој самиот призна.

Имено, приказната започнува со семејството Сигур од Хрватска кои поради земјотрес останале без дом. Во бранот добротворни цели во Хрватска, на семејство му била ветена помош од една организација од градот Каштел.

-Ни ветија дека ќе започнат акција за нас, дека ќе соберат средства и ќе ни изградат куќа – односно дека ќе ја срушат постоечкава и на истото место ќе изградат нова, изјавила Марија Сигур за емисијата “Проверено” на Нова Тв.

Таа и открила дека неколку организации им помогнале да го исчистат закопаниот бунар и да го решат проблемот со водата, а направена била и проценка за реновирање на куќата. Па така започнала и хуманитарна акција. Иако според првите проценки требало да бидат собрани околу два милиони денари сепак на крај се собрале околу 420 илјади денари.

Па така тие добиле повик од хуманитарната организација “Славонско Срце” велејќи им дека имаат вишок средства кои им останале од друга хуманитарна акција и дека според закон парите мора да бидат префрлени на следната хуманитарна акција од ист тип.

Меѓутоа, наместо трансфер следувало шок. Шефот на хуманитарната акција од Товарник ги потрошил сите пари.

-На почетокот на акцијата никој не кажа дека тие пари треба да ги дадеме на друг. Тогаш полудев и не сакав да ги дадам парите на никого. Па така ги потрошив ненаменски, изјавил тој за “Проверено”.

-Ги потрошив на коцка, дрога и к*рви, додал тој.

Изјавил и дека е свесен дека сторил кривично дело и дека е подготвен да одговара но и додава дека парите ги потрошил бидејќи бил фрустриран.

-Се срамам, но барем им докажав на оние кои си играат богови низ општините дека не се семоќни.

На коцка, дрога и к*рви: Шеф на хуманитарна организација откри на што ги потрошил сите пари на граѓаните! - Вечер



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 10:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.