МакедонијаТОП

На кого треба државата да верува? На најдобрата светска лабараторија SGS или на лабараторија во сопственост на директната конкуренција на Супертрејд, како смеела Макпетрол да зема примероци за анализа во тегла од туршија, а не во специјализирани вакумирани садови???

Лабараторијата на Макпетрол зема примероци у тегли од зимница и мести конкуренти на пазарот?

 

Соопштение,

Изминатите неколку дена, „Супертрејд“ во јавноста беше врамувана во сосем неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на нашата компанија. Пет цистерни на „Супертрејд“ на крајот од минатиот месец беа задржани на граничен прмин и мазутот што требаше да го увеземе беше предмет на анализа. Свесни за квалитетот на тоа што го увезуваме најмалку очекувавме дека вештачењето на мазутот ќе подлежи на низа пропусти. Нашата компанија се темели на професионална работа, оттука секогаш ќе се спротивставиме на импровизации преточени во таканаречени извештаи.

Во прилог ви испраќаме фотографи – 1,2,3,4 се фотографии од земени мостри на мазутот од нашите цистерни кои ги анализираше „Макпетрол“.  5,6,7,8 се фотографии од земени мостри од страна на СГС најдобрата светска лабораторија која ја ангажираше „Супертрејд“ да изврши анализа на мазутот што требаше да се увезе.

„Макпетрол“ треба да знае зад што сатава потпис ако гарантира за веродостојноста на тоа што го вади како резултат од аналзите направени во нивата лабораторија. „Супертрејд“ не функционира со импровизации, апсолутно е спорен резултатот од аналзите ако лабораторијата не знае што всушност е предмет на анализа.

За појаснување во јавноста,

Со извештајот кој беше испорачан од страна на Макпетрол, не се согласуваме,  затоа што сметаме дека се направени низа пропусти во начинот на земање на мостри од цистерните.  Мазутот се транспортира на 90 степени и доколку примероците не се земаат според  протокол се доведува во прашање точноста на резултатите, бидејќи мазутот може да кондензира и анализата да покаже дека има поголемо количество вода.  Конкретно за петте цистерни, целиот начин и постапка, на земање мостри од мазутот, беше надвор од сите правила и прописи. Наместо мострите од цистерните да ги земаат стручни лица, обучени за тоа, сертифицирани за земање мостри, примероци за анализа земаа царниците. Дополнително спорно е што примероците од мазутот не беа ставени во специјални садови, кои се запечатуваат  херметички за мазутот да не биде изложен на надворешни влијанија и да кондензира, туку примероци беа ставени во стаклени тегли за зимница.

Аналзиите се правени во лабораторија на Макпетрол, бидејќи нашата земја нема државна лабораторија за анализа на мазут.  Па така Макпетрол освен што се анализираат самите себе односно прозиводите што сами ги увезуваат, исто така прават анализи и на конкурентските фирми.

Анализата на Макпетрол од  мострите кои беа несоодветно земени, покажаа присуство на 4,6% вода во мазутот, што го отфрливме како невистинито. Од таа причина „Супертрејд“ ја ангажираше најдобрата светска лабораторија СГС (https://www.sgs.com/en/office-directory), за да го испита квалитетот на мазутот во истите цистерни. Мострите кои ги земаа сертифицирани лица и истите беа предадени на анализа,  резуплтатот покажа дека  мазутот во цистерните ги задоволува станрадите и присуството на вода е 0,20 % а во нашата земја е дозволено 1 %.

(Во прилог на оваа соопштение ви ја доставуваме и анализата што ја изврши СГС).

Минатата среда „Супертрејд“ најави повторен увоз и побара вонцаринска анализа на мазутот, како и секогаш нашите аналзии ги вршеше СГС, од истите мостри анализа направија и државните институции. Резултатите покажуваат дека мазутот ги исполнува стандардите за квалитет во земјава, очекувама Царината да ги пушти цистерните и да го дозволи увозот.

ВАКА ЗЕМААТ МОСТРИ ОД МАКПЕТРОЛ ЛАБАРАТОРИЈАТА

Направете зимница без конзерванси (m)

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

НЕЗАВИСНА ЛАБАРАТОРИЈА ВАКА

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.