Црна Хроника

На клубот било пукано со оружје

На клубот било пукано со оружје

Оштетувањето на бугарскиот клуб во Охрид вечерва било направено од огнено оружје, потврди охридската полиција.

Вечерва во 19.12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“ лоцирана на бул. „Македонски просветители“ во ТЦ Амам во Охрид. Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.

Додаде дека за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Ова е трет напад врз клубот со контроверзно име. Првиот напад се случи веднаш по отворањето, за кое имаше и голем протест од охриѓани, а вториот пред само неколку дена.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.