Македонија

На „Фејсбук“ се продаваат маски: Државниот пазарен инспекторат не врши контрола на физички лица

На „Фејсбук“ се продаваат маски: Државниот пазарен инспекторат не врши контрола на физички лица

-Ние можеме да вршиме контрола на онлајн продажбата само ако е во прашање правно лице, со седиште, каде може да се контролира цената на маските. Но, за жал, за продажбата преку „Фејсбук“ не можеме да вршиме контрола, бидејќи таму можат да се јават и физички лица, кои можат да нудат маски, ракавици и други заштитни средства. Што значи, сите оние кои купуваат преку „Фејсбук“ купуваат на сопствен ризик, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Маски во државата има доволно и во аптеките, а сега има и домашно производство. Од квалитетот на маските зависи и цената, која се движи од пет до 95 денари. Има хируршки маски, памучни и во зависност од што материјал се произведени, таква е и цената.

-Има доволно маски. Само треба да има волја за носење и да ги заштитуваме луѓето околу нас, вели Пауновски.

Врз основа на пријави за зголемување на цената на маските, Државниот пазарен инспекторат извршил 64 контроли на аптеки.

-Само во два-три случаи имаме постапено со мерки. Во останатите аптеки се соочувавме цената на маските, на пример на 11 март да биде истата. Меѓутоа, има различни производи. Секој нов производ доаѓа со различна цена, но ние тука не сме моќни ништо да направиме, да спречиме покачување на цените на истите маски. Има памучни, хируршки маски. Какви се маските таква е и цената, истакна Пауновски.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.