ЖивотТоп2

МВР: Спасовски му даде нов мандат на чело на БЈБ на Сашо Тасевски, бившиот телохранител на Заев кој извади пиштол во Собранието на Македонија

МВР: Спасовски му даде нов мандат на чело на БЈБ на Сашо Тасевски, бившиот телохранител на Заев кој извади пиштол во Собранието на Македонија

На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен, соопшти Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Многу е важно во секој момент да ги имаме вистинските луѓе на вистински места, одговорни и чесни луѓе кои доверената раководна позиција ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата.

Му посакувам на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и до сега, со успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција, напиша Спасовски.

Јавноста го памети Тасевски како телохранителот на Зоран Заев, кој во Собранието извади пиштол во немирите поради кои многу македонски патриоти денес лежат в затвор.

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 21:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.