
Гарејев на истражителите им изјавил дека ја нападнал девојката поради тоа што таа ја навредувала неговите, финансиска положба, сексуални вештини и личност по платениот секс.
Телото на мртвата девојка било пронајдено во куфер во нејзиниот апартман. Вратот и бил пресечен,а на градите имала рана од нож.
33- годишниот Максим кој има завршено 4 факултета, тврди дека ја убил Екатерина откако таа го навредувала и исмевала.
Екатерина била новоквалификувана докторка која исто така работела и како бјути блогерка на Инстаграм каде имала 86 000 следбеници. Таа хонорарно работела и како сексуална работничка.
Гарејев истакнал дека Екатерина му се смеела дека не бил богат како другите мажи кои таа ги познавала и поради тоа што не успеал да ја задоволи во кревет.
По сексот продолжи да се шегува на моја сметка. Ја загубив контролата и го земав ножот од кујната . Таа се заврте јас ја прободев во вратот. Се обиде да избега во бањата и да ја затвори вратата, јас ја извлеков од бањата. Крв капеше ,а потоа таа почна да вреска. И ја затворив устата и повторно ја прободев во градите, изјавил Гарејев.
Потоа според неговиот исказ девојката отишла во дневната соба и започнала да се бори со него.
Бев во таква состојба што не ја чувствува болката. За време на борбата падна на подот, а јас повторно ја прободев во градите. Тогаш умре, раскажал тој.
Родителите на Екатерина негираат дека нивната ќерка работела како проститутка. Гарејев на суд изјавил дека жали поради убиството и им се извинил на нејзините родители.
