Македонија

Можно ли е да падне Владата ако СДСМ ја поддржи Арифи во Тетово?

Жестока дебата во „Click Plus“ на ТВ21 помеѓу пратениците на ДУИ и Алијанса за Албанците, Арбер Адеми и Елми Азири.

Азири признава дека на листите за совети, ДУИ води 2:1 наспроти Алијанса, но е убеден дека Алијанса ќе добие повеќе општини во вториот круг.

Дебатата во главно се фокусира на Општина Тетово, а Азири претходно изненади со одговорот дека Алијанса е спремна да го поддржи Биљал Касами во Тетово и дека се спремни за да преговараат со Беса.

Се работи за доста важно прашање, а засега не се знае како ќе одговорат од СДСМ.

Дали тие ќе ги поддржат ДУИ и Беса во Тетово?

Оваа дилема се отвора по фактот дека можно е опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Касами, а за возврат да побара пратеници за ново мнозинство.

Од друга страна, Арбер Адеми во студиото порача дека сегашното мнозинство не само што е стабилно, туку после изборите и ќе се зголеми.

Останува да се види каква одлука ќе биде донесена во наредните денови.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:00 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.