ЖивотТОП

МОЌНА ГРАДСКА ДВОЈКА ДАНЕЛА И ОРЦЕ ТИЕ ГО ДРМААТ СКОПЈЕ СО СВОИТЕ ДОБРИ ПРОЕКТИ!!!! ДЕНЕС ВО ХУМАНА МИСИЈА

Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес денес им организираа патување и еднодневна прошетка низ Велес на децата со церебрална парализа.

Во соработка со Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа, со поддршка од Железници на Република Македонија Транспорт А.Д. Скопје, дечињата заедно со своите родители, утрово добија бесплатно патување со воз до Велес, каде ќе се одвива денешната нивна екскурзија.

 

Среќен пат и убав помин им посакаа градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, присутна беше и сопругата на бугарскиот амбасадор Билјана Ангелова, а во Велес ги пречека градоначалникот Марко Колевски, во придружба на велешкото здружение на родители на деца со церебрална парализа. Во текот на целиот ден тие ќе ги разгледуваат знаменитостите на овој град.

Најпрво се упатија кон храмот посветен на Светите Кирил и Методиј, потоа ќе имаат прошетка низ младинскиот парк, по што им е организиран заеднички ручек. Патувањето завршува во попладневните часови, кога дечињата, повторно со воз, ќе се вратат во Скопје.

May be an image of 6 people and people standing

May be an image of 4 people, people standing and indoor

May be an image of 6 people, people sitting and indoor

May be an image of 3 people, people sitting and indoor

May be an image of 3 people, people sitting, train and indoor

May be an image of 3 people, people sitting, train and indoor

❤️ Дечињата со церебрална парализа се мои другарчиња и времето поминато со нив, за мене секогаш е бесценето.
🏞️ Денес, заедно со градоначалничката на Скопје Danela Arsovska и Марко Колев од Велес им организиравме екскурзија на овие дечиња.
🤝 Во соработка со Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа, со поддршка од Железници на Република Македонија Транспорт А.Д. Скопје, дечињата заедно со своите родители, утрово добија бесплатно патување со воз до Велес, каде ќе се одвива денешната нивна екскурзија.
🚂 Ги испративме и им посакавме убав помин, а во Велес ги пречека градоначалникот Марко Колев, во придружба на велешкото здружение на родители на деца со церебрална парализа.
На овој настан присутна беше и сопругата на бугарскиот амбасадор Билјана Ангелова.
🏛️ Во текот на целиот ден тие ќе ги разгледуваат знаменитостите на овој град.
Најпрво храмот посветен на Светите Кирил и Методиј, потоа ќе имаат прошетка низ младинскиот парк, по што им е организиран заеднички ручек.
🚃 Патувањето завршува во попладневните часови, кога дечињата повторно со воз ќе ни се вратат во Скопје.


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.