Македонија

Мицкоски: Тројца пратеници пријавија дека им биле понудени привилегии за да му дадат поддршка на Заев

ИМ ВЕТУВАЛЕ СТАНОВИ И ПАРИ И ДА ЖИВЕАТ ВО СТРУМИЦА

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 21:41 (+02:00)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека на тројца пратеници вчера им биле понудени привилегии, со цел да ја напуштат коалицијата предводена од неговата партија и да се приклучат на СДСМ.

„Со огромна доза на гадење луѓето ги пречекуваат овие гласноговорници, кои во името на СДСМ и Зоран Заев нудат привилегии. Еве ќе ви кажам, само во изминатото деноноќие, тројца наши пратеници пријавија дека такви добронамерници кои се во некаква релација со тие луѓе, кумска, пријателска, во името на СДСМ и Зоран Заев нудат привилегии, вакви или онакви, само да се даде поддршка на Владата на Зоран Заев и СДСМ која очигледно во моментот ја немаат“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во следните 20 дена очекува да продолжат уцените кон пратениците. „Тоа е и целта на Стево Пендаровски, да му даде дополнителни 20 дена да продолжат овие нечовечки, нехумани притисоци врз луѓе, обвини Мицкоски. Мицкоски: Пендаровски противуставно без доказ за мнозинство го узурпираше мандатот во рацете на пратеникот Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција посочи дека со доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски е прекршен Уставот.

Мандатот за составување Влада е узурпиран и киднапиран, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако денеска претседателот Стево Пендаровски му го додели мандатот на Зоран Заев, лидерот на СДСМ. Мицкоски се повика на Уставот и рече дека тој е јасен „потребен е доказ дека се има мнозинтво за да се додели мандатот“.

По кој критериум Пендаровски одлучи мандатот да го додели на партија и човек кој не достави доказ дека поседува мнозинство во парламентот. Да ве потсетам дека тој велеше дека ќе ги повика сите политички чинители на разговор кај него, разговор кој до ден-денеска не се случи. По таа логика, мандатот без доказ може да се додели во рацете ВМРО-ДПМНЕ, која освои најмногу пратеници во македонскиот блок, на ДУИ, на ДПА, на Левица, Алијанса, Алтернатива или на било која друга политичка партија која е во парламентот рече Мицкоски

Тој обвини дека Пендаровски учествувал во прекршувањето на Уставот како што ја злоупотребувал својата позиција за да ја продолжува вонредната состојба колку што му било потребно на Заев.

Денес го видовме како го дава манадатот на пратеник кој нема мнозинство во парламентот. Од овој момент секој граѓанин треба да знае дека кога во државата ќе се спомене криминал и хибриден режим на Зоран Заев, негов составен дел и соучесник е Стево Пендаровски. Тој покажа дека е пиун и извршител на Заев, рече Мицкоски.

Мицкоски смета дека денешното врачување на мандатот е за Заев да добие време во следните 20 дена да врши непренципиелен и нехуман притисок врз пратеници за обезбедување мнозинство.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker