Македонија

МИЦКОСКИ СЕ ПРЕМИСЛИ – НЕ САКА ПРЕГОВОРИ СО ФИЛИПЧЕ, БАРА СПЕЦИЈАЛНА КОМИСИЈА ИЗБРАНА ОД СОБРАНИЕТО

ТВ 24

Христијан Мицкоски се премисли – не сака преговори за Законот за заразни болести. Но ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да се формира специјална комисија за справување со Ковид 19 која што ќе ја избира Собранието. Ова е одлуката на синоќешниот состанок на ИК на партијата.

Foto

Комисијата според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да содржи 11 члена, меѓу кои министерот за здравство и директорот на Центарот за Управување со кризи, а останатите членови да бидат инфектолози, епидемиолози, имунолози и интернисти.

Иако вчера координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието за ТВ24 изјави дека на ИК ќе бидат избрани членовите на работната група, и дека очекува власта и опозицијата да се договорат по средбата на работните групи. Договор за преговори имало и со министерот за здравство Венко Филипче, откако имало и првична средба меѓу него и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски, а стратегијата била договорена и со лидерот на Мицкоски.

Според партиски извори на синоќешниот ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по жестока дебата решиле дека не треба да преговарат, затоа што, како што велат, во законот освен што Владата си дава поголеми надлежности со одредбата, мерките да важат само со владина одлука, нема конкретни мерки. Токму овој член Мицевски вчера во изјава за ТВ24 кажа дека е спорен и отвора сомнеж за злоупотреби, додека пак министерот Филипче дека е подготвен да се прецизира тој член за да нема сомнежи за злоупотреби.

Според партиски извори, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да го гласаат законот, но се очекува да направат кворум.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.