Македонија

Мицкоски: СДСМ на наши пратеници им нуди пари, привилегии и амнестии за да преминат кај нив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека луѓе кои се претставувале во име на СДСМ им нуделе привилегии, пари и амнестии на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да преминат во нивната коалиција. Мицкоски рече дека таквите понуди биле одбиени.

Се згрозувам на тоа како на наши пратеници им приоѓаат луѓе кои се преставуваат во име на СДСМ, им нудат привилегии, пари, амнестии… Брутално згрозување. Тоа е иднината која ни ја нуди СДСМ. Лично ви кажувам дека неколкумина пратеници веќе имаат искуство и на кои им го нудат ова, и на крај им нудат и средба со раководството на СДСМ. Се разбира, тие обиди се брутално одбиени, рече Мицкоски.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.