Македонија

МИЦКОСКИ РАЗВИЛ СИМПТОМИ НА КОВИД-19 Се тестирал со брз тест и испаднал позитивен

Во текот на денот претседателот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот ковид-19, се вели во партиското соопштение.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е позитивен на ковид-19, информираше неговата партија преку соопштение.

Оттаму велат дека токму позитивниот тест за корона е причината за откажување на денешниот настан во Општина Маврово-Ростуше, каде што Мицкоски требаше да има средба со граѓаните.

„Почитувани, ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово-Ростуше закажан за денеска во 17:45 е откажан. Причини за негово откажување е развивањето на симптоми од ковид-19 на претседателот Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен. Во текот на денот претседателот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот ковид-19“, се вели во партиското соопштение.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.