МакедонијаТоп3

Мицкоски најави нов протест на ВМРО ДПМНЕ во вторник: Целта е за ЕУ, за Македонија, за Делчев!

Вторник 18:30 министерство за правда. Гоце е Идентитетот... МАСОВЕН ПРОТЕСТ, за Гоце не се Преговара

Македонија

Заболени
17,674
+45
Мртви
729
+4
Излечени
14,642
Активни
2,303
Last updated: 28/09/2020 - 14:41 (+02:00)

Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови. Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно.Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат. Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев”, до МНР.Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА ДЕЛЧЕВ. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Се гледаме!, напиша Мицкоски

И пратеникот Антонио Милошоски повика на протести за Гоце Делчев.

Почитувани, вторник во 18.30ч (на 15ти септ. пред М.Правда), Ве повикуваме на протест
ГОЦЕ е Македонија! Против трговијата со апостолот на идејата за слободна Македонија. Власта сака да се пазари со делото на великаните кои се бореле за народна слобода, како европска и универзална вредност. Протестот ќе заврши пред МНР!, напиша Милошоски.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker