МакедонијаТОП

Мицкоски: МВР и Обвинителството нека ги обелоденат имињата на функционерите од СДСМ и ДУИ кои се дел од аферата за фиктивно испумпување на пари од УЈП, ако не ние ќе ги обелодениме

НЕ СЕ МАЧИ МИЦКОСКИ ЕВЕ ДОКАЗ МЕСТО ТЕБЕ ТОА СЕ САЊА ЛУКАРЕСКА ТОА Е НЕБОЈША ТРАЈКОВСКИ ШВАБА СКОПСКИ УЈП ДЕЧКО НА ЉУПЧЕ И ТОА Е НЕГОВИОТ ЗАМЕНИК ИСМЕТ ГУРИ ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ ОД ДУИ

Мицкоски: МВР и Обвинителството нека ги обелоденат имињата на функционерите од СДСМ и ДУИ кои се дел од аферата за фиктивно испумпување на пари од УЈП, ако не ние ќе ги обелодениме

Исмет Гури: Јас бев жртва на протестот – Kurir.mk

Тоа преставува можеби би рекол организирана група која што злосторнички се здружила и лесно ги крадела граѓаните, односно го оштетила Буџетот. А, според наши информации некаде помеѓу 20-30 милиони евра. Но, внимавајте за тоа што јас го зборувам постојат дури и докази дека лица вработени во Управата за јавни приходи се повикувани во министерството за внатрешни работи да дадат свој исказ за тоа што јас вчера го зборев. Затоа е многу важно дали МВР ќе излезе со детали, и ќе го спроведува Законот заедно со Обвинителството за организиран криминал или ние тоа ќе го направиме, ќе го обелодениме во јавноста и тоа во детали со имиња и со точни фирми кои што се дел од ова би рекол злосторничка здружина“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Радовиш во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ одговарајќи на новинарско прашања во врска со аферата за фиктивно испумпување на пари од УЈП.

Мицкоски додаде дека во аферата се вплеткани високи функционери на СДСМ и ДУИ.

„Злосторничката здружина свесно се здружила со намера да го оштети Буџетот. А, според нашите информации таму се вплеткани високи функционери на СДСМ и ДУИ. Ако ме прашувате како тоа функционирало еве ќе се обидам да објаснам, имаме субјект А која што е инстант компанија и која што генерира фиктивни побарувања од УЈП за поврат на данок на додадена вредност, и фирма Б односно субјект Б кој што долгува на УЈП по основ на данок на додадена вредност. Фирмава А инстант компанија отворено со фиктивни фактури и приоѓа на фирмава Б и и вели дај да се прибиеме со цесија односно нити тие мене да ми вратат, нити вие да платите. Нормално, со определен надомест. И тогаш што се случува? Тие се прибиваат ниту овие што должат на Управата фирмата Б плаќа, нити фирмата А добива официјално поврат на ДДВ, а фирмата Б нормално за одреден надомест ја прифаќа оваа услуга од фирмата А. тоа е ската суштината, и на тој начин никој од Управата поточно од скопската дирекција, тука можеби детали може да ви каже и една актуелна пратеничка на СДСМ која што сега е пратеник, а порано беше директор на скопската подружница на Управата за јавни приходи. Или пак има еден господин кој што доаѓа мислам дека општина Ранковце близок до поранешен висок функционер на СДСМ, а сега министер можеби тој кој што е сега актуелен директор на скопската дирекција на УЈП може да ви каже детали. Или пак самата директорка на УЈП или нејзиниот заменик може да ви ги каже деталите“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека фактот е дека денеска граѓаните се сведоци на сериозно голем криминал во кој што од 20 до 30 милиони евра се во прашање. 20 до 30 милиони евра е оштетен Буџетот, а директно се оштетени преку Буџетот и граѓаните на тој начин. Односно високи функционери на СДСМ и ДУИ се вмешани.

„Го повикувам МВР, го повикувам Обвинителството за организиран криминал да излезат со имиња, со јасна и прецизна динамика како ќе се спроведе законот за овој криминал и за оваа пљачка. Во спротивно ако тие не го сторат, ние јавно ќе ги обелодениме фирмите и начинот на кој што сето е ова правено и кои се тие високи партиски функционери кои што учествувале и од ДУИ и од СДСМ“, рече Мицкоски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.