Мицкоски: Многумина од народот се разочарани, заедно ќе се избориме за европска Македонија


Знам дека многумина од народот се длабоко разочарани, и имаат причина за тоа, но тоа нема да ги промени работите, ама вашиот став и глас може. Измамите се веќе познати, веќе видени и народот нема да дозволи докажани лекции да се повторат и да троши енергија за нешто што е докажано дека не вреди. Секој еден човек не треба да се плаши да го промени мислењето и да поддржи нешто што вреди, а Македонија вреди повеќе од се друго, рече Мицкоски.
Обновата е и обнова на духот, победа над просечноста и статус кво политиките, обнова на институциите, обнова на вредностите. Но и обнова на идеалите, додаде тој, човекот верува и сонува, и тоа мора да го вратиме, и да го одржиме пламенот за Македонија.
Европска Македонија е возможна, и ќе се избориме заедно. Не ова што го имаме денес, а тоа е обесправена, Македонија изгубена меѓу патот на криминалот и корупцијата, во чекалницата на ЕУ далеку од можноста за пристоен живот, додаде Мицкоски.
