МакедонијаТОП

Мицкоски: Магарешката влада на Заев е најнеуспешната, ако мислевме дека транзицијата е најтемниот период, не разубедија дека од лошото има и полошо

„Имаме работа со влада за која магарињата вредат повеќе од човечките животи. Оваа магарешка влада на Заев е најнеуспешната во овие 29 години независност. Ако мислевме дека транзицијата беше нашиот најтемниот период, Заев со неговото работење не разубеди дека и од лошото има и полошо, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест организиран со возила.

Мицкоски додаде дека одговорноста не само кај Лидија Димова, туку таа е пример за лошото работење на целата влада.

„И да не се чудиме. Иако сакаат да ја локализираат одговорноста во само еден човек Лидија Димова, можам искрено и од срце да ви кажам дека  не е таа  причината за лошото раководење на институциите. Таа  е последица и добар пример за лоша работа, за тоа како се краде народот, а богами и Европските пријатели. Ваквите магарешки работи на Заев се само неморалната вертикала во македонската политика каде се срушени сите граници за политичкиот морал“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека власта е во фаза на пред византиска пропаст.

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО нема да ја почитува таквата одлука и ќе ја поништи

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО нема да ја почитува таквата одлука и ќе ја поништи

„Каде опиени од власт, од многу пари, беззаконие и политички блуд добиваат лажна сила, и надменост иако внатре се е труло и фиктивно, како што е фиктивен оној бројчаник кој Заев го ветуваше на Триумфалната порта, а никогаш не проработе. Сеачи на магла се тие. 4 години убедуваат дека само што не ни тргнало, а станало од ден на ден се полошо и полошо. Ниту еден проблем не решија, ниту едно прашање достоинствено не затворија“, смета Мицкоски.

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 22:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.