Македонија

Мицкоски: Имаме голем опозициски блок, кој ќе и нанесе пораз на владината коалиција

Заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива создадовме најголем опозициски блок, кој што е поголем од владиниот и кој што ќе и нанесе пораз на владината коалиција на претстојните избори, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција.

– Повеќе од 20 политички партии, група избирачи, и групи избирачи би рекол, влегоа во обединетитот опозициски блок и заедно со коалицијата Алијанса на албанците и Алтернатива создадовме навистина најголем опозициски блок кој што е поголем од владиниот, и тоа е она кое што го посакувавме и тоа е она што граѓаните го бара го бараа од опозицијата. За жал имаме и таквии кои што одлучија овојпат да се обидат повторно да направат раздор во опозицијата, но мислам дека граѓаните се мудри, ќе ја препознаат нивната намера. Задоволен сум што првпат во историјата на независна Македонија имаме ваков голем опозициски блок кој што ќе нанесе сериозен пораз на владината коалиција на овие избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека неговата партија во предизборната кампања на граѓаните ќе им понуди надеж, визија и иднина.

– Она кое што мислам дека треба да го слушнат и да го видат од нас граѓаните е една достоинствена борба, една политичка кампања во која што треба да го понудиме нашиот поглед кон иднината проектите кои што им ги нудиме на граѓаните во општините каде што ги гласаат советниците и градоначалниците, изјави Мицкоски.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:34 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.