Македонија

Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на повикот за дуел со Ковачевски истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат и повика уште еднаш на дебата на било кој медиум и било кое време во интерес на вистината и интерес на граѓаните.

Повторно молк, немаме одговор од Ковачевски, ниту од владата за мојата понуда пред граѓаните јавно да зборуваме бидејќи во овој случај не е важен ниту Димитар Ковачевски, ниту пак сум јас важен, ниту пак било кој од нас е над интересот на граѓаните и државата, и затоа понудив да излеземе јавно транспарентно да избере време, да избере медиум, јас таму ќе го чекам, го повикувам и сега еве овде од Јегуновце да не дезертира бидејќи тоа му е вообичаена пракса изгледа во неговиот живот да дезертира, еве да не дезертира во овој пат да излеземе и се соочиме пред граѓаните па граѓаните нека одлучат кој ја говори вистината а кој не, нагласи Мицкоски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.