Колумни

Мицkockи до 3aeв:Сакајќи да наштети на ВМРО си стави уште еден тег на ногата – Епа 3aeв со здравје да си го носиш

Заев е готов, неговата влада е на стаклени нозе, и неговата влада мора да падне, кажа денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на неговиот говор на настан организиран од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик, а како што дополни бадијала се и гумите за спасување што му ги фрлаат. Па како што рече барем во изминативе месеци му ги видовме сите адути и оние скриени слуги во опозицијата.

– Остана верно ВМРО-ДПМНЕ на народот. Еден новинар ми вели сега сите се качија на еден ист брод, се собра дружината. Уценуваните и уценувачите. А Заев сакајќи да наштети на ВМРО-ДПМНЕ си стави уште еден тег на ногата. Епа Заев со здравје да си ги носиш. Си одговарате и по криминалот и по нечесноста. Ви кажувам сега доаѓа ураганот од народ кој ќе го потопи тој брод на кој сте собрани топтан, кажа Мицкоски.

Мицkockи до 3aeв:Сакајќи да наштети на ВМРО си стави уште еден тег на ногата – Епа 3aeв со здравје да си го носиш

Мицкоски најави македонска пролет, која покрај будење на природата, подразбира и будење на народот.

Следува нов почеток, нова енергија, бунт на чесниот народ против нечесните, стануваат обесправените, против оние кои носат неправда. Оваа македонска пролет ќе биде посебна. Ова ќе биде чиста борба на народот против хибридниот режим. Ова е повик на сиромашните и гладните против оние кои полнат џебови на трудот на напатениот народ. Пролета доаѓа, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ е будно и на штрек. И дека Владата ќе падне брзо, затоа што и чесните луѓе на СДСМ гласно велат дека овие ја претераа, нагласи Мицкоски.

Во говорот го цитираше и големиот македонист и прв претседател на МАНУ, Блаже Конески, кој рекол: – „Какви предавства сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, се ќе помине, па и ова. А заврши со мисла дека мора да обезбедиме иднина и да направиме разлика, а затоа потребни се промени.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.