Живот

Mитко за 18 тиот роденден на синот му купи џип викан ѕвер од 100 илјади евра марка бмв

Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја превзема на 23 годишна возраст, по заминувањето од овој свет на неговиот татко кој беше основач на компанијата Кожувчанка.

Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во раководењето и развојот на компанијата, а тоа го говори фактот дека Кожувчанка ДОО се наоѓа помеѓу 100-те најуспешни компании во државата. Исто, под раководство на Јанчев, компанијата го привлекува и соработува со светски познатиот бренд Синалко од Германија.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев гостуваше на кавадаречката телевизија КТВ одговараше на повеќе прашања за локланите но и државните теми.

Што се однесува до односот кон вработените во јавниот сектор на Кавадарци нагласи дека ниту имало, ниту ќе има вработувања или откази според партиската припадност, што во Кавадарци е потврдена пракса веќе со години. Кавадарци, според Јанчев, е втора општина во Македонија по економски резултати, според БДП, и тоа е нивни приоритет.

Во однос на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека “не бил задоволен од работата на општините“ кои доминантно се под власт на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев изјави дека таквите оценки не се во комептенции на премеирот Ковачевски кој може и треба да дава оценки на својата влада, на министрите и нивните резултати а за тоа како работат властите во општините став кажуваат граѓаните, на избори.

Во семејството на кавадаречкиот градоначалник пред неколку дена имаше повод за славење.

Првородениот син на Митко Јанчев влезе во светот на возрасните. Никола наполни 18 години, а радоста со пријателите на социјалните мрежи ја сподели Јанчев.

„Најголема радост за еден родител е да биде сведок на безгрижното детство на своите деца, палавото тинејџерство а потоа и влегувањето во светот на возрасните. Денес е голем ден за семејството Јанчеви. Првородениот син Никола денес слави полнолетство. Гордост е да му го покажеш вистинскиот пат на своите деца , гордост е да гледаш како неуморно сакаат да учат од родителите.

Среќен 18 ти роденден Никола.“, напиша Митко Јанчев споделувајќи роденденска фотографија од целото семејство.

Со сопругата Веселка, тие се родители на три деца, Никола, Стојанче и Мила.

Многумина се прашуваат што ли добил од татка си за роденден, а одговорот набрзо пристигна. Имено Никола се поднови со нов џип БМВ x6 во црвена боја чија вредност може да достигне околу 100.000 евра во зависност од опремата.

Извор: Кластер.мк



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.