Македонија

Министерствата разгледуваат кои сектори ќе работат во недела

Министерството за труд и социјална политика очекува одговор од останатите ресорни министерства врзано за предлог измените во Законот за работи односи, според кои недела ќе се прогласи за неработен ден.

Во веќе изготвената драфт-верзија се дефинира дека недела е неработен ден доколку со друг закон или колективен договор не е решено поинаку.

Во тие други закони, приспособувањата треба да ги направат останатите министерства и затоа засега е нејасно кој ќе работи, а кој ќе одмара во недела.

-Ја правиме измената во системскиот – Законот за работни односи кој ја дава главната насока дека недела треба да биде неработен ден. Оттука, побаравме поддршка и соработка од сите министерства кои ги адресираат проблемите на различни дејности. На пример, Министерството за економија има најголем дел од материјалните закони кои се однесуваат во регулирање на материјата, пред сè говорам за угостителство, трговија, туризам … Дополнително, Министерството за транспорт и врски ги регулира областите во делот на јавниот превоз кој знаеме дека функционира и во недела, околу тоа колкав ќе биде опфатот, дали сите ќе работат непрекинато како и во обичен работен ден“, посочи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Откако ќе бидат усвоени измените, Шахпаска посочи дека ќе има период даден за останатите министерства да ги адаптираат своите закони.

Секако, пред да бидат донесени измените, уште еднаш преку ЕНЕР ќе се слушнат реакциите на јавноста, стопанските комори, како и синдикатите.

-Имавме консултации меѓуресорски со различни министерства и очекуваме заеднички да го изградиме ставот за тоа кои дејности и области би биле изземени со овој закон. Ние со носењето на законот сакаме да овозможиме непречено функционирање на витално важните функции, тоа значи 24 часовна покриеност на неопходните вредности, како што се здравство, полиција, противпожарните служби, комуналните служби и други. Останува да добиеме повратна информација од министерствата кои имаат простор во следната седмица да ја видат драфт-верзијата, да ги испратат сугестиите, истакна Шахпаска.



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 11:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.