Занимливости

Министерката за култура промовира национал социјализам веселете го народот уметници

Министерката за култура им порача на писателите да го развеселуваат народот

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска им порача на македонските писатели да творат во духот кон тоа што ќе го расположи народот, одговарајќи на прашањето на Гласот на Америка дали уметничката креација и слободната мисла ќе бидат подложни на политичка контрола по потпишувањето на протоколот со Бугарија.

– Никој, односно Министерството за култура, нема да ја има улогата на полицаец и будно да следи кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема. Тој има право да се изрази и тоа право никој не може да му го ограничи во ниту еден момент – вели министерката.

Но, таа додава и одредени насоки кон авторите.

– Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро – посочува министерката за култура.

Оваа изјава денеска наиде на остри и на потсмешливи реакции кај македонските писатели на социјалните мрежи.

– И оваа влада сака културата да ја претвори во естрада – коментира писателката Лидија Димковска, која е добитничка на наградата за литература на Европската Унија во 2013 година.

И писателот Петар Андоновски, кој ја доби истата награда во 2020 година, реагира:

– Министерке, книжевноста треба да е форма на отпор, нејзината улога е да критикува, да провоцира, а не да служи за забава.

Реагираше и писателката Оливера Ќорвезироска.

– „Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“ – министерка за култура, 21 век. Творам, значи расположувам народ – напиша Ќорвезироска на Фејсбук.

Министерката Костадиновска Стојчевска има одредени сугестии и за историските теми и во филмовите.

– Секој филм којшто ќе ја промовира македонската култура, македонскиот индивидуалитет, би требало да ја има поддршката. Но, сепак, мораме да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор, туку да ни биде лекција – додава таа.

Според член 16 од македонскиот устав, цензурата е забранета, а слободата на говорот е гарантирана. Останува да се види како потпишаниот протокол ќе се одрази врз домашната креативна мисла и финансирањето на идните културни творби.

Ваква смешка од министер за култура како што е нашава госпожа на која името и забравам- само кај нас може да вирее. Им дава насоки на авторите како да творат?!? „Слободно нека творат.Но да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што народот ќе го врати назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро. “ Најдобро е да се пишуваат само комедии. И да се снимаат само комедии. Тие најмногу ја орасположуваат публиката. Дистопии никако. Не дај боже нешто што има врска со историска епоха. Па треба да се гледа кон светлата иднина, а не кон „мрачното минато“. Според овие инструкции македонската кинематографија ќе го немаше „Црно семе“. Да не речам 90% од филмовите. И ова си дозволува да го каже министерка за култура ! Нема поента натаму да се коментира. Освен што е глупо, и арогантно – а истовремено и субмисивно и самопонижувачки, бидејќи јасен е контекстот, и неуставно е, бидејќи цензурата е забранета !
Не знам зашо сега вака зборите за Скафандра, жената убаво ви кажа во рамките тука еве кои ќе бидат дадени можете слободно да творите. Значи рече слободно женичката, што е сега проблемот? Никако да ви се угоди.


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.