Македонија

Министерката Стефоска на заминување ја разреши Ризова-Черних од в.д. директор на „Театар комедија“ – не работела според закон и статут ВРАТЕТЕ ЈА НОРА НАЈДОБРА БЕШЕ

Ризова-Черних на оваа позиција беше назначена пред неполни два месеца откако Стефоска ја разреши Нора Шаќири-Марковиќ поради анонимна пријава за мобинг врз вработен. Пријавата на крајот на декември беше отфрлена од ДКСК

 

Министерката за култура Ирена Стефоска ја разреши Магдалена Ризова-Черних од в.д. директор на „Театар комедија“, на која таа беше неполни два месеци, откако беше разрешена Нора Шаќири-Марковиќ.

Во соопштението од Министерството за култура се наведува дека Ризова-Черних е разрешена поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со Закон.

„Имено, од страна на раководното лице Магдалена Ризова-Черних, вршител на должноста директор на Националната установа ‘Театар Комедија’ – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, од страна на раководното лице и покрај надлежноста истото да се заврши во законски определен рок, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа Театар Комедија – Скопје, согласно Меѓународната фраскатиева класификација“,

соопштија од Министерството.

Нора Шаќири-Марковиќ беше разрешена на 24 ноември лани, по речиси 10 месеци в.д. директорка на „Театар Комедија“. Тоа беше направено со решение на министерката за култура Ирена Стефоска, а како причина беше наведе случај со вработен во театарот кој се пожалил на мобинг.

 

Шаќири-Марковиќ тогаш објасни дека по анонимна пријава за мобинг пратена до заменик- претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси министерот Љупчо Николовски во театарот имало вонреден инспекциски надзор односно Државниот инспекторат за труд донел записник во кој се наведува дека инспекторот на труд не може да донесе инспекциска мерка врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган. До нејзиното разрешување не беше стигнато ништо од ДКСК, па поради тоа таа посочи дека решението за нејзино разрешување е неосновано.

Колективот излезе во јавноста со видеопорака во која ѝ изрази поддршка на Шаќири-Марковиќ, а на министерката ѝ порачаа дека доколку смета дека не треба таа да ја извршува функцијата да распише оглас, а во меѓувреме в.д. директор да биде драматургот Дарко Спасов, а не Магдалена Ризова-Черних, за која велат дека е од претходната управа која беше разрешена поради злоупотреба на буџетски средства.

Поради оваа министерката беше на средба со нив.

 

Во меѓувреме, во декември од ДКСК ја отфрлија пријавата бидејќи нема елементи за постапување. Поради ова Шаќири Марковиќ најави дека правдата ќе ја бара суд.



Македонија

Заболени
252,947
+2,071
Мртви
8,177
+11
Излечени
225,056
Активни
19,714
Last updated: 22/01/2022 - 01:15 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.