Македонија

Милошоски признава дека адвокати од ВМРО-ДПМНЕ заработувале стотици илјади евра од државни фирми?!

ратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил реагираше на прес конференцијата на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои објавија дека формирале Републички штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ кој има за цел да ја демократизира партијата.

Од Фејсбук профилот на Милошоски се поставува прашањето дали тој со ова признава дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, адвокати и други правеле огромни суми пари врз основа на партиската припадност и блискост.

Еве што напиша Милошоски.

Еден адвокат, во добрите времиња во 2013, 2014, 2015-та година како партиски правен застапник на куп државни претпријатија си правел околу 300.000€ годишен приход и си молчел, нит спомнал реформи, ни режим, се му било демократски; членовите не ги гледал, сите функционери ги фалел, а посебно лидерот.., стискање со двете раце!

Денес, секнало изворчето на адвокатот и одеднаш потребни биле реформи и демократија?! Но, на маката, се познаваат и јунаците, и доследните членови и интересџиите. Овие последниве кога имаат интерес викаат “ура”, а кога ќе дојде зорт време викаат “уаа”, свесно правејќи го тоа надвор, пред комшиите и политичките ривали, за штетата врз партијата да биде поголема! Ако.., нека се видат роговите.

На ВМРО-ДПМНЕ му треба освежување, реформирање, но не му треба лицемерие!

Чесните и достојни членови на ВМРО-ДПМНЕ 🇲🇰 знаеле да критикуваат , да укорат и да пофалат и во добри и во лошо, но го правеле тоа на начин и место што доликува на едно големо партиско семејство.

Но токму заради оние интересџиите, кои не се ни први ни последни безрбетници од основањето на ВМРО-ДПМНЕ до денес, баш заради таквите, потребни се суштински кадровски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за да излеземе посилни, со сплотување на членството, со единството и целокупноста на партијата како заедничка врвна цел за следната изборна победа!

Член сум на ВМРО-ДПМНЕ од мојата 16та година, заради идеологијата, организацијата, заради Македонија, за конзервативните вредности и честа на моите предци загинати во Илинденскиот период! Така ќе остане се додека смртта не не’ раздели!

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 21:26 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.