БалканТОП

Миломир Мариќ во интервју за Доказм: Додека беше во опозиција Љубчо Георгиевски во 90 тите ми беше дописник!!!

retro

Разговор тет а тет со најпознатиот српски новинар Миломир Мариќ, уредник на тв Хепи, контраверзен, опуштен гледан.

Беше уредник на ДУГА, ТВ БК, ХЕПИ

Седевме 3 саати со овој човек не е досадно, дали неговите ставови ги оправдувате или не е ваше право, тој е Србинот кој направи интервју со Харадинај и беше испљукан од цела Србија, ова Е ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИНТЕРВЈУТО НА ДОКАЗМ, идната недела и вториот…

Господине Мариќ вие го познавата балканското буре барут, настаните, дешавките сега имаме една реалност Црна Гора влезе во НАТО ние за кој месец влегуваме уште Шпанија да го потврди тоа, се спремаме и за ЕУ, Србија е во вителот на своите проблеми околу Косово, кој  е вашиот став за ова се за нашиот од како Северна, за оваа сегашна македонска власт на чело со Заев? Дали се смени односот кон Србија и од Србија..

Мариќ: Црна Гора е фаворизирана, Македонија беше добар ученик на западот, таму ЈНА излезе без испален куршум, Македонија дозволи влез на нато трупи прва, вие бевте како бајка, Македонците НАПРАВИЈА све што сакаше Америка, вие бевте најлојални на САД:и на ЕУ

Мислите на ученик или иронизирате дека сме слуги на Западот?

Мариќ: Не, не мислам баш ученик, на нас овде нон стоп ни велеа абе што не сте ко Македонија не се руши со глава ѕид, а после доживеавме баш тие кои ја подржуваа Македонија да дозволат Албанците да ја растураат Македонија и нејзината унитарност преку тиранската платформа. прво почнаа со Охридскиот договор ама со Тиранскиот договор ве докусурија, ние србите сме лути што преку нас заработивте многу пари, околу милијарда само кога беа санкциите. Сега со забраната од Косово повторно нашата стока оди преку Македонија, ама ако за тоа и треба да сме благодарни не само да се осеќаме изневерени нашото стопанство така се одржа. Најмногу мене како Србин ме  повреди точката од Тиранскиот договор околу извинувањето за геноцид, дека ние сме биле геноциден народ. Зоран Заев направи мнозинство меѓудругото и на оваа точка, а ние како Србија за овие три децении секогаш ја подржувавме и под името кое вие си го избравте, а можевме да сме солидарни со Атина…

Да бидеме реални од Пиринска и Егејска вашиот траг се губи овој дел кој бил окупиран од Србија е сега независна држава.

Реално ние не сме геноциден народ, ако бевме Македонија..немаше да е така.

Доказ: Што мислите околу односите Македонија-Србија сега, односот Заев-Вучиќ, државите соработуваат еве летово се отвори нели она граничното оне стоп…Сепак она што се случи на 27 ми во Собранието и српските агенти внатре, како да ја поремети комуникацијата и овие дешавки сега се гледаат со недоверба?

Мариќ: Ако можел Живаљевиќ да ја сруши власта во доаѓање во Скопје и дека он е дел од настаните од тој датум овде тоа делува смешно. Го познавам лично Горан Живаљевиќ  од него не се плаши никој ни у кафиќ ни на улица, он е само радознал и како претставник на службите морал да види што се случува. Мене ме караа на почеток зашто не знам да се справам со својот бес дека Заев ќе ја донесе МК во НАТО и ЕУ на пазар ме напаѓаа зошто не сум му фан на Зоран Заев дека благодарение на семејството на Заев ние во Србија го имаме најубавиот ајвар Мамас, пред тоа имавме еден Бакина тајна, ама овој на Мамас е врв, дека Заев е тој што во Србија ги носи најубавите лубеници и дињи.

Доказ: Добро да скренеме малце од политика и политички став, вие сте новинар кој како протеже влезе во новинарството буткан од новинарски легенди сега за вас се вели дека сте новинарска легенда, ви годи ли? Бевте уредник на БК тв сега на Хепи тв

Мариќ: Јас влегов точно е со подршка на Брана Црнчевич, Момо Капор, Богдан и други и ми помагаа, тие ми помогнаа за да не ме цензурираат она што го пишам така и да се објави, а не да биде сечено, штровено преправано мојата мисла да остане моја.

Јас тоа исто сега го правам како уредник, им давам слобода на новинарите, не знам дали знаете уредниците на сите најодвратни таблоиди кои излегуваат во Србија ( информер, курир…) се мои ученици, на тв и весниците, јас и сега им велам одвратни сте, дно на новинарството, а тие ми враќаат па ние тоа од тебе го научивме!

Јас најискрено кога бев млад мислев дека ќе бидам најдобар од сите, писател, кога ја објавив книгата ДЕЦА КОМУНИЗМА МЕ ВИКАА СЕКАДЕ, ЖИВЕЕВ НА ВИСОКА НОГА, очекував дека ВЕНИТИ ФЕР ќе ме  прогласат за гениј, ама мојот однос и тоа што ги создадов српските реалити програми ПАРОВИ, СНАЈКЕ итн допринесе тој ВЕНИТИ ФЕР да ме прогласат за РАЗОЧАРУВАЊЕ, имаше скоро на француски телевизии озбилни емисии ток шоуа со професори и академици кои се гадат од моето новинарство. Од парови се гадат.

Јас таков тип на дно програми ги уведов поради барањето на ЕУ кои бараа да имаме геј паради, бараа да имаме велики брат е па зашто нивното срање да го пуштам и да плаќам за тоа авторски права, си направиме домашно српско ѓубре од дно фаци е тоа е ПАРОВИ.

Суровата реалност е таа полесно е во Европа да се влезе од позади него однапред.

Доказ: Во некои разговори со српски колеги дознавам дека вие во моментот имате голема моќ врз публиката до таму да можете и да донесете некого на власт, или некого да тргнете. И дека токму таа е причината што Вучиќ ве држи близу себе, како негов пријател и пријателски настроен новинар?

Мариќ: Јас на себе си не си придавам толкаво значение не мислам дека сум нешто моќен…

Доказ: Овде има мислење дека Вучиќ е некоја лајт верзија на Никола Груевски гради и кради…и за Европа како ја перцепирате ветената земја

Мариќ: Уф оваа Европа не е онаа  што ја знам и сакам и таквите режими како Орбановиот, Груевски, не сакам оградени земји кои се плашат од мигранти кои се ксенофобични, не сакам неофашистички режими за кои не тврдам дека се овие ама ги има. Додека не падна берлинскиот ѕид Западна Европа ни правеше приказна дека е мед и млеко нашите гастербајтери ги плаќаа добро за да ја шират приказната дека таму е прекрасно. Им даваа сите социјални права, капиталистите беа тогаш хуманисти, ама после падот на Берлинскиот ѕид тие капиталистите станаа дивјаци. Не е тоа Европа која јас ја знам како млад човек.

Доказ: Вашите емисии на Хепи тв ГОЛИ ЖИВОТ и ЌИРИЛИЦА и овде се гледаат, ги следиме и емисиите на Зоран Ќесиќ 24 минути, емисијата на Иван Ивановиќ Вече са, емисијата на Оља Беќковиќ итн. Гледате ли вие телевизија освен што правите телевизија? Познат е вашиот став дека телевизијата постои да ги заглупува бирачите, а е платена од политичарите

Мариќ: Се гледам јас имам 600 канали ама се помалце сум информиран од морето на непотребни информации у она време знаев се сега знам се помалку, знаев за сите  театарски претстави по Европа, за сите отворени ликовни изложби за сите нови поставки по музеите, ама денес тешко се снаоѓам ми попушта концентрацијата изгледа сум остарен.

Доказ: Кој македонски лик ви е интригантен со кој би ја снимале веќе култната емисија ГОЛИ ЖИВОТ?

Мариќ: Се знам со многу македонски ликови снимав со Киро Глигоров, со Васил Тупурковски кого го знам долг низ на години уште од бившата ЈУ, Црвенковски, Колишевски, и еве ви нешто што можеби не го знаете ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ БЕШЕ ДОПИСНИК НА ДУГА ВЕСНИКОТ КОЈ ЈАС ГО УРЕДУВАВ, Оној Љубчо велики националиста! Ми беше дописник додека беше опозиционер.  Инаку со Зоран Заев би сакал ама сакам да ја среди Македонија како што ја среди Струмица, да биде Македонија успешна приказна како што е неговиот ајвар Мамас. Претходните ме зачудуваат не ме провоцираат сите оние градби од сите епохи, секаква историја нафрлано безвеза, еј вие имате споменик од Методија Шаторов Шарло он беше колку јас се сеќавам издајник кој сакаше Макеоднија да биде бугарска..од Александар Македонски до Тоше Проевски…

Доказ: Дали се подготвувате за емисиите со информации кога имате одредена тема, понекогаш се има впечаток кога имате да речеме  по тројца гости вие на темата знаете повеќе од нив кои се како специјалисти и си терате сеир со нив?

Мариќ: Ма јас воопшто не се спремам се спремав цел живот главата ми е полна со информации потребни и непотребни, а да морам да сум зајадлив за да емисијата биде и интересна, ако мене не ми е забавно нема да им е и на публиката која ме гледа.

Јас тоа го правам за сопствена забава и за забава на широките народни маси, политичарите го унаказија животот на луѓето од луѓето направија бедници и социјални случаи, во Србија имаме премногу тажни лица јас само сакам да ја вратам насмевката толку можам, најсреќниот сум јас на крајот. Порано луѓето ми фаќаа врски да гостуваат на утринска сега ми фаќаат врски да бидат гости на ПАРОВИ и на другите ријалити емисии, порано  Марјане луѓето ме молеа да ги вработам на телевизија кaко сниматели, монтажери, тонци, да се вработат државно сега сакаат влез во ријалити да се глупираат и да освојат пари, Учество у ријалити у Србија е најдоходовната работа, не мораш да мислиш, да се замараш, најаден си чист и земаш пари.

Доказ: Да ве вратам на една тема, околу атентатот на Глигоров овде се предеа приказни дека во тоа учестувале криминални структури од Србија под налог на Слободан Милошевиќ? Земунци или какви небитно дека од Србија дошла таа работа? Подоцна и во Сабја наводно истите структури го убија и Џинџиќ?

Мариќ: Хм јас не верувам во тоа во Сабја се откри се само не кој нарачал која политичка структура инспирирала, јас мислам дека Киро Глигоров беше многу близок со Милошевиќ, Слободан секој ден му се јавуваше на Киро и бараше совети и лично не верувам дека би имал интерес ако биде убиен вашиот претседател.

Доказ: Но овде се зборува дека Медлин Олбрајт лично му дала информации на Киро дека Слободан Милошевиќ е иницијаторот да биде убиен Киро?

Мариќ: Хахах, за Медлин Олбрајт за се е виновен Милошевиќ, јас сум убеден дека позади атентатот стои бугарската МУЛТИГРУП, на сличен начин страдаше и  Илија Павлов одлета во воздух и загина, тој инаку беше шеф на Мултигруп. НЕГОВАТА СОПРУГА  сега е во Италија и е љубовница на Берлускони она знае повеќе како беше атентатот.

Доказ: Дали Зоран Џинџиќ ги рекетираше српските тајкуни и намлати големи пари, се зборува дека неговата вдовица сега живее раскалашено?

Мариќ: Тоа не e точно тоа се само легенди кои се зборат за големи луѓе. Во тоа време немаше некои големи приватизации ни пљачкање на општественото добро и фабриките за да има страшни тајкуни. Тоа што се приватизираше беа чисти бизниси, Цементара, Филип Морис и БАТ НЕМАШЕ ШТО ДА СЕ УКРАДЕ. Покасно се изведе пљачката и приватизацијата на која се земаа огромни пари на криминален начин.

Во времето на Џинџиќ цела една генерација глумеше дека се европејци, правеа разлики во однос на времето на Милошевиќ ама тоа кратко траеше. Очигледно Џинџиќ им пречеше за да појдат во крадење.

Доказ: Кои ви се следните планови, спомнавте интервју со Карлос шакалот најголемиот жив терорист, потем нашиот Петрит Аме кој вие го знаете како Пјетро Амети итн?

Мариќ: Да да тоа ми се следни проекти а сакам и Македонци да интервјуирам од новата генерација, приказни како онаа на Оливера Ќиркович ПАНТЕРКАТА која издаде две книги а ја запознав во затворот ТИВА во близина на Атина.

Доказ: Дали Пантерката уште ограбува златари покрај тоа што пишува книги?

Мариќ: Кај мене дискрецијата е загарантирана хехехе не ви кажувам.

Image result for bata zivojinovic

Доказ: Некаде прочитав ваше интервју каде тврдите дека познатиот актер Љубиша Самарџиќ-Шурда работел за службите и бил лош човек ги местел колегите, додека Бата Живоиновиќ бил добар хуман човек и одличен актер?

Maриќ: Љубиша беше миленик на режимот и работеше за тој режим, ами Бата Живоиновиќ беше голем хуманист тој издржуваше 100 семејства, можеше да биде милионер да ужива во животот, не тој на сите им помагаше им даваше работа и пари а живееше сиромашно и скромно. И не само тој и Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа исти тие умреа во становите кои си ги имаа од младоста од почетокот на кариерите . Љубиша беше и на врвни функции. Тој се разликуваше тој беше саможивњак земаше само  за себе вода да му побараш нема да ти даде.

Доказ: Дали Србите го разбраа твоето интервју со Харадинај после објавата ти имаше многу закани, неумесни коментари, хејт?

Мариќ: Не разбраа, ама јас Харадинај го прашав она што никогаш не би смеел да го прашам Вучиќ или сите мои пријатели кои се на власт, тие ако ги прашав така низ прозор ќе ме фрлеа, а Харадинај со насмевка одговори на сите мои прашања на сите мои провокации одговори и не ми се  налути.

ПРОДОЛЖУВА

Разговарал Марјан Стаменковски

Интервјуто е правено на терасата на хотел Москва во Белград

 

 

 

 

 



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.